• Latest

Преглед на настани: Заев ја доби наградата за човекови права на „Фридрих Еберт”, Меѓународен ден на толеранцијата, нема нови рестриктивни мерки…

November 16, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Заев ја доби наградата за човекови права на „Фридрих Еберт”, Меѓународен ден на толеранцијата, нема нови рестриктивни мерки…

November 16, 2020 17:54
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Зоран Заев добитник на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт”

Зоран Заев ја доби наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт, како што и самите изјавија поради решителниот курс на реформите на Заев на крајот ги наведе земјите-членки на ЕУ да започнат преговори за пристапување меѓу ЕУ и Северна Македонија во март, а успеа и  земјата да  се приклучи на НАТО како 30-та членка.

„Се чувстувам благородно и благодарно, но истовремено и скромно примајќи ја денешната престижна награда на Фондацијата Фридрих Еберт. Фондација која има стогодишно искуство, посебно на полето на  промовирање на слообдата, едноаквоста и солидарноста. Ова се демократски вредности кои градеа и продолжуваат да градат цивилизациски придобивки, сок рајна цел, планетарна добробит, одржливост, безбедност, транспарентност и бескомпромисна борба против на секој еден никулец на авторитаризам. Тоа поттикнување на искажување на слободната волја и градење на едно општество за сите без разлика дали зборуваме локално или глобално. Оваа награда, која е создадена на иницијатива на високо почитуваните  Карл и Ида Фејст и која е инспирирана од нивната дологогодишна борба и поддршка за правата на работниците и нивното движење е комплементарна со мојата лична филозофија живот за сите, еднаквост за сите, дијалог пред сè, конфликт никогаш“, изјави Заев по добивање на наградата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Мас: Ќе сториме се што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава

„Германија ќе стори се што е во нејзина моќ да почнат пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ за време на германското претседателство до крајот на годинава“, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.

„Се водат интензивни разговори за одржување на првата меѓувладина конференција за време на претседателството на Германија со ЕУ. Ние и натаму ќе работиме со вас како и во изминатите денови бидејќи тоа е нашата цел јавно прокламирана за време на нашето претседателство. Од март чекаме конечно да почнат формалните преговори и настојуваме да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава“, рече Мас.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

На Меѓународниот ден на толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување на различностите

Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, оваа година уште повеќе укажува колку на светот е потребно заемно разбирање, соработка, почитување… потреба од посветеност и заедничко дејствување во надминување и на здравствената криза со Ковид-19.

Токму стравот, рестрикциите за заштита и безбедност на граѓаните, намерно или не, ги ставаат во опасност човековите права и слободи, што доведува до нетолеранција, омраза, дела од омраза, а неретко и насилство.

Врапчиште нема да се украсува поради Ковид-19

Градско и оваа година ќе се украсува со старите новогодишни украси

ФЛЕШ ВЕСТИ 

Во првото тримесечје од  годинава, 79,9 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет според типот на населеното место, во вкупниот број на домаќинства, во првиот квартал годинава, изнесува 87,8  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на видео конференција на секторската работна група „Образование, вработувања и социјалните политики и Интеграција на Ромите“.

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пациенти, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање нови ковид центри доколку за тоа има потреба, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за еконмија денеска почнува со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19. Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Како што наближува денот за формализирање на бугарското вето за нашите евроинтеграции, така бесмисленоста на бугарската позиција станува сè поочигледна. Најново: министерката за надворешни работи Захариева побара Македонија да се откаже и од делот на југословенската историја и од „времето на еден од најмрачните диктатори – Тито“! И уште додава: „Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа ѝ вршиме услуга на Москва“, изјавила Захариева во викенд-интервјуто за една бугарска телевизија“, пишува Сашо Орданоски во „Аууу, отиде бугарскиот воз во пченките!“.

„Последнава недела што и да помислам ми се појавува зборчето – избери. Не знам колку на човечкиот створ му е дадено да бира и избира, но имам впечаток дека колку повеќе треба да бираме, толку помалку избираме. Ете и овие Aмeриканциве бираа месец за да на крајот сѐ уште не знаат што избрале, твитерџијата Трамп или крипто политичарот Бајден. Е штом не знаат што бирале, изборот ќе го направи судот. Демократија е тоа – нема шега“, пишува Војо Маневски во „Доста, ако за Бога знаете“.

А. П. 

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ