• Latest

Преглед на настани: Заев уверува дека Бугарија не бара промена на Уставот, тест за ЕУ како ќе се постави кон С. Македонија…

October 20, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Заев уверува дека Бугарија не бара промена на Уставот, тест за ЕУ како ќе се постави кон С. Македонија…

October 20, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Заев: Бугарија не бара промена на Уставот и решението не е преку нов договор

Бугарија не бара од Северна Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии, изјави денеска премиерот Зоран Заевна новинарско прашање дали се размислува за нов договор меѓу Северна Македонија и Бугарија и дали Софија побарала промена на нашиот Устав.

-Договор ние веќе имаме. Тоа е Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Низ тој договор се решаваат историски поглавја што треба да бидат дел од нашето заедничко чествување низ кое ќе го градиме пријателството, а тоа е како дел од заедничката историја. Во договорот што е потпишан, потпишан е на македонси јазик и на бугарски јазик, се зборува за двата народа. Нашиот македонски јазик и македонски народ е впишан во ОН и признаен од целиот свет, заради тоа што се уште има дилема во наративот од пријателска Бугарија „ние ја признаваме реалноста за постоењето на акедонскиот јазик и македонскиот народ“. Очекувам исчекор и израз на огромно пријателство, тоа го чувствува бугарскиот народ спрема македонскиот народ, тоа го чувствува македонскиот народ спрема бугарскиот народ, очекувам јасен недвосмислен исказ за потврда на нашиот македонски јазик и македонски народ. Ниту има потреба, ниту држави признаваат идентитет, ниту држави се повикани да признаваат идентитет, рече Заев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вредностите и принципите на Унијата, според Никола Димитров, зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ.

„Како Европската Унија ќе се постави кон ова прашање – правото на македонскиот народ на самоопределување – ќе влијае врз тоа дали и понатаму ќе можеме на Унијата да гледаме како на заедница на вредности и принципи“, посочил Димитров, во однос на предизвиците со кои се соочува земјата во светло на одржувањето на Првата меѓувладина конференција.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ продолжува со серијата семинари за транспарентност, антикорупција и одговорни политички процеси. Во тек е повикот за дводенвниот регионален семинар „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“ во Струга, во хотел „Београд“, во центарот на градот, на 24 и 25 октомври (сабота и недела) со почеток во 11 часот. На семинарот може да учествуваат сите заинтересирани граѓанки и граѓани од општините Охрид, Струга, Центар Жупа, Вевчани, Дебар, Дебарца, Ресен и Кичево. Бројот на учесници е ограничен на 20, а ЦИВИЛ за таа намена обезбедува голем простор согласно мерките за заштита од Ковид-19 за максимално почитување на протоколите за безбедност од корона вирусот. ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Овој семинар е одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат да соработуваат во проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ.

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

Георгиески: Мислам дека недоволно знаеме сите или многу малку знаеме во однос на тие да речам прокламирање идеи – едно општество за сите или секој човек е важен. Последните неколку години политичките партии се свртија малку кон прокламирање на тој концепт кој што е дефинитивно европски концепт на напредок. Меѓутоа, треба уште многу да се работи во делот на унапредување на социјалните и економските сегменти во нашата мултиетничка земја. Само така ќе имаме повисоки животни стандарди, подобри услови за живот, подобро образование и подобар здравствен систем.

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за моменталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

Јанкоски: Што се однесува на политичката состојба после предвремените парламентарни избори мислам дека е непроменета исто како и пред нив. Лично јас со ваква неконструктивна опозиција истото и го очекував. Поискрен да бидам очекувам уште поголема опструкција од нив, како на државно така и на локално ниво. Тоа ќе е така се додека партиските интереси се ставаат над државните. Одличен пример е и непочитувањето на џентлеменски 100 дена на владата без критики. Очекувам за брзо да се надмине и бесмислениот проблем со Република Бугарија без при тоа да се навлегува во нашата историја и националност.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, одговори на повикот на Зелен ЦИВИЛ за отворање на темата за зелените вредности, социјалната правда и антинационализам.

Трајковски: Верувам дека политичарите ги знаат зелените вредности, но прашање е кој колку ги применува или работи на нивната примена или, пак, има предуслови за нивна реализација. Сите сакаме општество без предрасуди, здрава животна средина, подобар квалитет на животот на граѓаните, но на овој степен на општествен развој, ќе ни треба уште време да го достигнеме саканото ниво.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Македонскиот јазик денес е признат во целиот свет и неговата посебност е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на ОН. Како рамноправен со сите светски јазици, се користи слободно секаде низ целиот свет, рече премиерот Зоран Заев денеска во Институтот  „Крсте Мисирков“ на отворањето на меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)“ и порача дека со валвите конференции се испраќа силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на македонскиот јазик. Нагласи дека Владата е посветена да го негува и да го унапредува и затоа го прогласи 5 Мај за Ден на македонскиот јазик.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, за МИА потврди дека е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амандманите на Законот за спречување и заштита од диоскриминација во делот која ја уредува постапката за изборот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа во центарот на јавната расправа организирана денеска од собраниските комисии за европски прашања и за еднакви можности.

Во рамки на работната посета на Република Хрватска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари средба со својот хрватски колега Горан Грлиќ Радман. Како што соопштија од МНР, билатералните односи биле оценети како динамични и пријателски, со интензивен политички дијалог на највисоко ниво, преку успешна соработка во бројни области од взаемен интерес.

Хрватска црврсто ја поддржува Северна Македонија како држава – кандидатка за членство во ЕУ и очекува до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција заради отворање на преговорите, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Загреб. Според Пленковиќ, Хрватска е подготвена да продолжи да и помага на земјава во реформите и исполнувањето на потребните услови за членство во Унијата.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека осудува провокации од било каков тип, доколку ги имало на свадбата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ кој викендот се венчаше во Грачаница во Косово.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Улогата на Хичкок во македонскиот криминал“ пишува: „Еднаш, во „Да се фати крадецот“, додека камерата го следи погледот на актерот Кери Грант, Хичкок се појавува во дел од секунда како се вози во автобус; другпат се прошетува со своите два териери (во „Птици“); неколку пати при појавувањата пуши пури, а ако добро ме држи памтењето, во неговиот филм „Чамец за спасување“ (така ли се преведува “Lifeboat”?!) неговиот лик и става на момент се појавува во реклама за слабеење испечатена на задната страница од весникот што го листа еден од артистите во филмот“.

Џабир Дерала во рафалот „Идеолошкиот свињарник и голотијата на заробените умови“ пишува: „Ова е време кога, под самата површината на тоа што го нарекуваат политичка борба, лесно се открива тапост, глупост и простотилак. Голотијата на заробените умови… За нив, сталинизмот и фашизмот се благосостојба и олеснување, ослободување од тоа несносливо бреме на самостојното мислење. Но силната светлина на денот ја спржи нивната голотија… А Правдата го исука мечот од кориците со звук од кој се грози ненаситната глутница“.

Д. Муратов

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ