• Latest

Премиерот Ковачевски во работна посета на Њујорк и Вашингтон

May 2, 2023

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски во работна посета на Њујорк и Вашингтон

May 2, 2023 14:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски е во работна посета во Соединетите Американски Држави. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се и Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење и Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Во рамки на работната посета која започнува на 3 мај 2023 година (среда), на покана на претседавачот на Советот за безбедност на ООН, Швајцарија, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски на отворената седницата на Советот за безбедност, во седиштето на организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

За време на престојот во Њујорк, како дел од програмата за одбележувањето на 30 годишнината од членството на Северна Македонија во организацијата на Обединетите нации, премиерот Ковачевски ќе оствари средби со високи претставници на УНИЦЕФ и УНДП и ќе се обрати на приемот во ООН организиран по повод 30 години од членството на Северна Македонија во организацијата на Обединетите нации. Како дел од програмата за одбележување на 30 годишнината, премиерот Ковачевски, во седиштето на ООН ќе учествува и на панел дискусијата посветена на превентивна дипломатија, медијација и политика на пријателство. Воедно премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настанот организиран по повод одбележувањето на Денот на македонскиот јазик.

Во Вашингтон, премиерот Ковачевски е предвидено да оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар,  заменик-советникот за национална безбедност на САД, Џонатан Фајнер, советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, и со повеќе сенатори и конгресмени на САД. Премиерот Ковачевски воедно, ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council).

Како дел од работната посета на Вашингтон, премиерот Ковачевски ќе го посети престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон каде по средбата со деканот Џејмс Стајнберг, премиерот Ковачевски ќе се обрати и ќе одржи предавање за предизвиците и можностите за Северна Македонија и земјите од Западниот Балкан на нивниот европски пат, имајќи ја предвид потребата за брз развој на регионот.

Согласно агендата планирана е и средба на премиерот Ковачевски со претставници на македонската дијаспора во САД.

 

Tags: ВашингтонДимитар КовачевскиЊу Јоркработна посетаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ