Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата во изборниот процес, предвремено започната изборна кампања, политичкото финансирање, мерки за заштита од коронавирусот, пораките и мониторингот на ЦИВИЛ, се дел од темите за кои ќе стане збор на прес конференција на ЦИВИЛ, в петок, 3 јули, со почеток во 12 часот. Прес конференцијата ќе се одржи на отворено, пред седиштето на ЦИВИЛ на ул. Максим Горки 31. Изјавите за јавноста ќе бидат на македонски и албански јазик.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Редакциите можат да достават и прашања по електронска пошта на [email protected].
Освен за пошироката јавност, оваа прес конференција ќе биде посебно корисна за набљудувачите на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција онлајн.
ЦИВИЛ, Тим за комуникации