ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција на отворено, пред своето седиште, денеска, 3 јули, со почеток во 12 часот. Седиштето на ЦИВИЛ се наоѓа на ул. Максим Горки 31.
Лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата во изборниот процес, предвремено започната изборна кампања, политичкото финансирање, мерки за заштита од коронавирусот, пораките и мониторингот на ЦИВИЛ, се дел од темите за кои ќе стане збор на прес конференцијата. Изјавите за јавноста ќе бидат на македонски и албански јазик.
Прес конференцијата ќе се емитува во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ. Редакциите можат да достават и прашања по електронска пошта на [email protected] до 11:30 часот.
Освен за пошироката јавност, оваа прес конференција ќе биде посебно корисна за набљудувачите на ЦИВИЛ, како и за граѓанките и граѓаните што се заинтересирани за вклучување во изборниот мониторинг. Затоа, организацијата ги повикува и сите заинтересирани, да ја следат оваа прес конференција онлајн.
ЦИВИЛ, Тим за комуникации