• Latest

Прес на ЦИВИЛ, 12:30: Набљудувачи евидентираат гласачи, највисок број на пријави се однесуваат на изборната администрација

September 30, 2018
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Прес на ЦИВИЛ, 12:30: Набљудувачи евидентираат гласачи, највисок број на пријави се однесуваат на изборната администрација

September 30, 2018 14:11
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Извештај на ЦИВИЛ од набљудувањето на референдумот до 12 часот

На втората прес конференција на ЦИВИЛ се презентираа дел од обработените извештаи од теренот до 12 часот. Расте бројот на случаи во кои набљудувачи се однесуваат некоректно и спротивно на Кодексот за набљудување, како и бројот на гласачи кои не можат да се најдат на Избирачкиот список. Бројот на пријавени случаи за грешки во процедурата и незаконито постапување во избирачките места е највисок.

На Избирачкото место 2634 во ОУ Лазо Трповски во општина Карпош, на неколку граѓани не им било дозволено да гласаат затоа што УВ ламбата не работела. Иако гласачите инсистирале да гласаат, тоа не им било овозможено. По кратката расправија, револтираните граѓани заминале од избирачкото место, без да го остварат своето право на глас.

Неприфатливо е, поради грешка на изборната администрација, да им се ускратува правото на глас на граѓанките и граѓаните. Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да инсистираат на остварување на нивното право на глас. Изборната администрација има обврска да обезбеди услови за гласање!

Во Гази Баба, во ОУ,,25 Мај” граѓани ги немало на избирачки список иако на минатите избори гласале на тоа избирачко место. Еден гласач се појавил со две лични карти и се обидел два пати да гласа по што избирачкиот одбор го отстранил.

Набљудувачот во Чаир, на ИМ 2940 во ОУ „Рајко Жинзифов“, пријави дека едно лице го нема на Избирачки список.

Во ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево, Гази Баба во ИМ 2532, еден гласач го нема во Избирачки список, а ја нема ниту претседателката на ИО на Избирачки список и таа не може да гласа.

Еден гласач на ИМ 2554/1 во СУГС „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров пријави дека на Избирачкиот список има едно починато лице.

Една повозрасна граѓанка која користи ортопедско помагало за да се движи, мораше да пешачи дополнителни стотина и повеќе метри, за да пристапи до избирачкото место во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци во општина Центар во Скопје. Изборната администрација е должна да обезбеди пристапност до избирачките места.

Пред гласачкото место 1580 во Радовиш, во гимназијата „Коста Сусинов“, набљудувачот на ЦИВИЛ забележал две лица кои без легитимации и обележја, кои запишувале гласачите што доаѓале на гласање.

Членка на ИО во ИМ 2762 во општина К. Вода го прочитала името на една граѓанка на глас. Кога граѓанката приговорила, членката на ИО ѝ се развикала и побарала од набљудувачка да се јави во ДИК да праша дали ѝ е дозволено да ги прозива гласачите. Од ДИК било одговорено дека тоа не е дозволено.

Кршењето на процедурата при гласањето може да придонесе кон повреда на гласачкото право. Гласач на ИМ 2255/1 во Штип, чиј палец прво бил прснат, потоа е установено дека не е на тој избирачки список. Сега тој не може да гласа на друго ИМ, без оглед на тоа дали ќе се најде на ИС, се вели во извештајот на набљудувачот. Им препорачуваме на гласачите за секоја нерегуларност да се обраќаат до ОИК, доколку самите ИО не им помагаат.

Истото ѝ се случило и на една граѓанка во училиштето „Братство“, во Тафталиџе 2, избирачко место 2614. Била прсната со спреј уште пред да ја најдат на Избирачкиот список. Потоа откриле дека ја нема на Избирачкиот список, по што ја пратиле на друго избирачко место.

Набљудувач од одредена организација на ИМ 635 во општина Демир Хисар, седи со список пред избирачкото место и ги евидентира гласачите. Тој ги пресретнува гласачите и ги прашува дали и како гласале. На самото место е присутен и полицаец кој не реагира на ова однесување. ЦИВИЛ го има името и презимето на набљудувачот.

Слична ситуација се бележи во гимназија „Коста Сусинов“ во општина Радовиш, каде што пред ИМ 1580 стојат две лица, без никакви ознаки или акредитиви и ги запишуваат гласачите.

Хрватскиот Јутуб канал Логично има пренос во живо од избирачко место во Струмица, со коментар што претставува пропаганда и кршење на изборниот молк. Ова е противзаконито и е работа на полицијата.

Во ИМ 2843 во општина Центар, набљудувач на одредена организација гласно ја искоментирал високата излезност во одредена општина со зборовите: „Таму сите се комуњари!“.

Затоа, ЦИВИЛ уште еднаш апелира до сите набљудувачи да бидат пример за коректно и законито однесување!

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ