• Latest
Панел дискусија на ЦИВИЛ „Мултикултурализмот и европските вредности воо медиумите“, 20 мај 20121 година. На фотосот: Елида Зулбеари од Порталб и Дехран Муратов од ЦИВИЛ. (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Пресек: Божиновска и Керим советници за надоврешна политика, како само Македонците настанале од Бугари, вжештени дебати на ЦИВИЛ за мултукултурализмот, медиумите и говорот на омразата

May 20, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пресек: Божиновска и Керим советници за надоврешна политика, како само Македонците настанале од Бугари, вжештени дебати на ЦИВИЛ за мултукултурализмот, медиумите и говорот на омразата

May 20, 2021 17:47
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Панел дискусија на ЦИВИЛ „Мултикултурализмот и европските вредности воо медиумите“, 20 мај 20121 година. На фотосот: Елида Зулбеари од Порталб и Дехран Муратов од ЦИВИЛ. (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Панел дискусија на ЦИВИЛ „Мултикултурализмот и европските вредности воо медиумите“, 20 мај 20121 година. На фотосот: Елида Зулбеари од Порталб и Дехран Муратов од ЦИВИЛ. (фото: Биљана Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Валентина Божиновска и Срѓан Керим дел од Стратешкиот совет за надворешна политика на МНР

Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа инаугуративен состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика. Меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи што денеска го објави министерот Бујар Османи се и Валентина Божиновска и Срѓан Керим.

Срѓан Керим е еден од двајцата осомничени во случајот на СЈО за пропаднатата Медиа принт Македонија, a Валентина Божиновска е позната по тоа што после изборите 2016 година, рече дека тоа ќе биде „вечер на ножевите“. Освен Керим и Божиновска, членови на советот се Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

ЦИВИЛ, пред почетокот на вториот јавен настан на тема „Говорот на омразата во политиката“, излезе со остра реакција на оваа одлука на министерот Османи. „Божиновска ќе остане запаметена по говорот за долгите ножеви по изборите во декември, 2016 година, додека Керим по разорното дејство врз медиумите во времето кога беше во позиција тоа да го прави“ – рече Џабир Дерала, во својата изјава во живо.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Го запрашав Борисов како сите настанале од Адам и Ева само Македонците од Бугарите?

„Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата. Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам ‘по науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“ кажа премиерот Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Зулбеари, Цветковска и Кока на дебата за мултикултурализмот во медиумите

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“.

Учесници на панелот ќе бидат Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Ана Цветковска, уредник од МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ и Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Настанот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Богојески, Иванов и Муратов на бурна дебата за говорот на омраза кај политичарите

Говорот на омразата е честа алатка на политичарите. Како, колку и со која цел политичарите и политичките партии го употребуваат говорот на омразата во јавната комуникација? Што е говор на омразата во овој контекст? Која е одговорноста? Тоа беа дел од прашањата за кои се зборубаше на вонредниот јавен настан на тема „Говорот на омразата во политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

Учесници на панел дискусијата беа основачот и промотор на Македонски концепт, Петар Богојески, новинарите Зоран Иванов и Дехран Муратов и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

ЦИВИЛ ВО ЖИВО

Пропагандната „братија“, евтините тролови и корисните идиоти

Во ЦИВИЛ во живо на Фејсбук, Дерала зборуваше за антизападната пропагандна „братија“ која не знае колку пари има, за трол фабриките со евтина работна сила и за корисните идиоти.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Сашо Мијалков останува во притвор откако Кривичниот суд донесе одлука да ја одбие понудената гаранција во вредност од речиси 11 милиони евра.

ПОЛИТИКА Министерството за обрана покренало постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за Петар Богојески поради ксенофобични објави на социјалната мрежа Фејсбук.

„Се надеваме дека нашата одлука за прогласување на еден руски дипломат за пресона нон грата, нема да влијае врз односите меѓу Северна Македонија и Русија“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска одлуката на МНР за протерување на дипломатот од земјава.

СОЦИЈАЛА Со измена на членот 76 од Законот за социјална заштита, лична асистенција ќе им биде овозможена и на помлади лица со попреченост од 18 години, односно возрасната граница се спушта на деца со наполнети шест години. Услугата е наменета за лица со потешка и најтешка физичка попреченост и за целосно слепи лица.

ЕКОНОМИЈА Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф, делегација на Француската агенција за развој (AFD) и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Давид Оберхубер.

КОВИД-19 На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.211 лица, соопшти Министерството за здравство.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Антизападната пропагандна „братија“ која не знае колку пари има, сосе трол фабриките со евтина работна сила, долгогодишните клиенти на македонските политичко-криминални моќници и корисните идиоти кои бесплатно им ја вршат работата на пропагандистите на социјалните мрежи, имаат јасни цели, одлично разработен систем и досега се релативно успешни“, пишува Џабир Дерала во Пиштолот наполнет со омраза.

„Сè додека може, ДУИ нема да дозволи промени на постојниот изборен модел. Постојано и без крај ќе бараат широки консултации, консензус и длабоки и сестрани анализи“, поентира Џевдет Хајредини во „Нема парламентарна демократија со пратеници – партиски платеници“.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ