-Системот така е граден, две-три етнички заедници не се мешаат многу и немаат знаење едни за други, а стереотипите кои се појавуваат на социјалните мрежи тоа само го потврдуваат. Тие новинари кои доаѓаат од таа средина, ќе работат во тој медиум кој е моноетнички. Ќе продолжат да го потврдуваат тоа во кое веруваат. Нема толеранција и нема разбирање поради фактот дека не го знаат јазикот и не знаат едни за други, вели уредничката на Порталб на панелот „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите.
Имаме проблем што нема превод на англиски јазик. Не дека ги мразат или имаат против, но воопшто не го ни размислуваат тоа. Ова е еден лош пример кој можам да го посочам. Ова непознавање и игнорирање доведува да имаме само еднострани вести или вести кои не се опширни и немаат интерес за сите. Јавниот интерес е јавен бидејќи живееме во мултиетничка држава. Мора да има постојано вести и информации за да ја информираат и другата заедница дека се соочуваме со истите проблеми. И од овој свет и од другиот има и криминалци и добри луѓе. Кога го креиравме порталб ние направивме мост меѓу двете најголеми заедници во македонија. За да можеме да го преведеме и кажеме тоа што се случува во македонската јавност, турксата албансата, сите заедници. На пример, ако во општина Струга има проблем, мора да се рапортира на сите јазици за сите да можат да бидат информирани, а проблемот да не се игнорира од некого. Преку тој пристап сите се чувствуваат како дел од неправда, правда или дел од тој систем. Појавата на онлајн медиумите само го потенцираше тој јаз.