ВЕСТ НА ДЕНОТ Џундева, Махмут и Шабани на панелот на ЦИВИЛ: Европските вредности се достижна цел
ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, на кој учествуваа Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 и уредничка на емисијата „Европат“, активистот Тефик Махмут и Самет Шабани, Хоризон Цивитас. Панелот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.
„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред кон ЕУ но возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ и аспирациите наши, туку и во однос на промените кои мора да почнат од самите нас“, истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?
Секој министер мора да ја притиска владата дека некои реформи мора да се направат. Мора да почнеме од нас самите. Мора да се работи на реформи внатрешно во државата за во иднина да ги надминеме споровите кои ги имаме“, надополни Џундева.
Активистот Тефик Махмут на панел дискусија на ЦИВИЛ нагласи дека треба да се разликува меѓу европски вредности и европските принципи.
„Тоа што се гради ѕид меѓу една етничка група не е во согласност со правниот поредок во државата и европските вредности. За да бидеме дел од ЕУ треба да исполнуваме одредени услови, меѓу кои се почитување на правата на малцинствата. Се согласувам дека медиумите се едни од креаторите, тие што влијаат на креирање на јавното мислење, и дека веќе имаме нешто опипливо.
Самет Шабани од Хоризон Цивитас смета дека граѓанското општество беше еден од главните столбови за промените во последните 7-8 години кога и почнаа првите чекори против тогашната власт, и од тука произлегува таа разлика и свесност и тоа што денес го нарекуваме европски вредности.
„И во европските земји на промена почнаа за почитување за веќе нарушеното достоинство. Граѓанското општество беше прв столб за стимулирање на една таква промена и со тоа играше позитивна улога во последните 7-8 години. Сега како тренд е евроинтеграцијата и тоа што европската интеграција ја сметаме на ниво на институционална интеграција, а главната улога треба да ја игра граѓанското општество.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Мас: ЕУ мора да го исполни ветувањето за старт на преговорите со Скопје и Тирана
„ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Иднината на сите шест држави од Западниот Балкан е во ЕУ. Германија е целосно посветена на оваа цел.
Ако испорачате вие, ние исто така испорачуваме. Тоа мора и во иднина да биде нашиот пристап кон проширувањето на Европската унија. Сите знаеме дека внатрешната политика може да го ограничи опсегот на надворешната политика. И разбираме дека прашањата од историјата и идентитетот се деликатни. Но, ваквите билатерални прашања не треба да го попречуваат целиот процес на пристапување,“ порача денеска германскиот министер за надворешни Хајко Мас, нагласувајќи дека го разбира разочарувањето во регионот поради малиот напредок на процесот на проширување во текот на минатата година и се заложи за негово повторно придвижување.
ЦИВИЛ 7 е редовен видео прилог на ЦИВИЛ Медиа во кој секоја седмица се отсликуваат активностите и работата на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа. Еднаш седмично, тимот на ЦИВИЛ се осврнува на најглавните случувања во државата, како и на активностите кои редакцијата секојдневно ги извршува.
Во ова издание: мултикултурализмот во работна и животна средина, стратегијата Едно општество за сите на локално ниво, недискриминација во работните места, и изненадувањето од ДУИ.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ХАГ Меѓународниот суд во Хаг денеска ја изрече правосилната пресуда против поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Воениот злосторник кого меѓународните медиуми го нарекоа и „касапинот од Босна“ е осуден на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрпско население за време на војната во БиХ во 90-години од минатиот век.
КРИЗНА СОСТОЈБА Пратениците го одобрија рокот за продолжување на кризна состојба до крајот на годинава на територија на целата држава.
МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година.
Вклучувањето на земјите од Западен Балкан ќе поттикне создавање нови вредности.
ЕУ мора да го исполни даденото ветување за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија,
МАЗУТ Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури.
ИМУНИЗАЦИЈА На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани.
ЕКОНОМИЈА Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска смета дека во периодот кој следи, главните предизвици за носителите на политиките ќе бидат двојни. Од една страна ќе треба да се обезбеди поддршка за економиите во закрепнувањето на кризата, а од друга страна ќе треба да внимава да не се предизвикаат нерамнотежи.
ОБРАЗОВАНИЕ Комбиниран модел на настава и нов начин на средношколско организирање се главните приоритети на новиот лидер на Сојузот на средношколци.
ИЗБОРИ Алијансата за Албанците на претстојните локални избори ќе настапи во коалиција со Алтернатива, но останува отворена за соработка и со други политички партии.
НЕРАБОТЕН ДЕН Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден. Ова е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговски друштва што Владата ги усвои на својата денешна седница.
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Со чартер-лет од Меѓународниот аеродром Скопје, македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт, каде за првпат ќе настапи на Европско првенство.
Ирена Крџиќ