„Ќе дојде ден кога убиецот нема да знае зошто убива, а ни убиениот зошто загинал“, рекол Мухамед а.с., пишува Дехран Муратов, во колумната „Престенете да убивате во името на Алах и во мое име!“, (на 23.03.2016 година).
Јас не сакам да живеам во свет каде што на хаштагот: #JeSuis, #Support, #Pray for… ќе треба да додадам само име на град или држава. Не сакам да постојат такви хаштази, сакам да постои хаштаг – како што се: #love, #соживот… Не сакам да живеам во општество каде што полицајците се вооружени до заби и секој нивни поглед е како да ме осудуваат дека и јас сум терорист. Доста ни е од свети војни на екстремистите – исламисти или крстоносци, оставете нé да живееме!
Ќе завршам со цитатите на Мухамед а.с: „Водете Џихад со помош на вашите добра, со вашите страсти и со вашите јазици“, или, „Најдобра борба, Џихад, е да ја кажеш вистината пред неправедниот владетел“.