• Latest

Престижниот Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за Најдобра банка во 2023

March 26, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Престижниот Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за Најдобра банка во 2023

March 26, 2023 18:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни услуги и знаење, грижата за клиентите и на стабилноста на Банката, се вели во соопштението на Комерцијална банка.

Со оваа престижна награда, која ѝ се доделува на Банката по 12-ти пат, Комерцијална банка е препознаена како банка која во континуитет ги следи потребите на клиентите и на тој начин ги поставува темелите за иден заеднички успех. Тоа ја вброи Комерцијална банка во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 30-то издание на годишните награди на угледниот магазин Global Finance.

Табела: Најдобри банки во Централна и Југоисточна Европа (извор: Global FInance)

Ова признание претставува огромна чест и гордост за целиот тим на Комерцијална банката затоа што ги истакнува силните резултати, посветеноста и довербата што ја ужива Банката и во услови на динамични промени на финансиските пазари.

„Признанијата ни даваат дополнителна енергија да продолжиме напред во исполнување на стратешките цели на Банката, кои се фокусирани на следење на потребите на клиентите, на дигитализирање и постојани иновации во понудата на производи и услуги и на поттикнување на растот на бизнисот“, изјави Главниот извршен директор и Претседател на УО на Комерцијална банка, Хари Костов, по повод наградата.

Костов го истакна значењето на следењето на современите трендови во имплементацијата на дигиталните алатки за подобрување на услугите за клиентите на банката. Според него, во оваа област, Комерцијална банка се наметнува како лидер во земјава.

Хари Костов на доделувањето на награда од Стопанската комора, 2019 година (фото извор: е-Магазин)

„Оваа награда, како и останатите, е резултат на негувањето долгорочна соработката и доверба од клиентите и, секако, на инвестициите со кои Банката, не само што ги следи современите трендови, туку и се наметнува како лидер во земјава во имплементацијата на дигитални алатки кои ги прават банкарските трансакции побрзи, полесни и достапни од секое место во секое време. Клиентите ги препознаваат предностите и привилегиите што им ги нудиме, а особено нѐ радува што тоа го препознаваат и истакнати финансиски експерти кои се дел од стручното жири на Global Finance“, изјави Костов.

Според Global Finance, победници се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите, постигнале силни резултати и ги управувале со своите средства и обврски на разумен начин во услови на брзо менливи каматни стапки.

Publisher and editorial director of Global Finance Joseph Giarraputo

„Идентификувањето на најдобрите банки врз основа на услугите, стабилноста и институционалното знаење е поважно од кога било. Оваа година наградите за најдобри банки ги препознаа финансиските институции кои нудат широк опсег на услуги, како и доверливост потребна за долгорочни финансиски односи“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уредувачки директор на Global Finance.

Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи. Дополнително, во оценувањето се применуваат и субјективни критериуми кои ги вклучуваат мислењата на истакнати аналитичари на капитал и кредитен рејтинг, банкарски консултанти и на останати експерти од финансиската индустрија.

Магазинот Global Finance е основан во 1987 година во Њујорк и има 50.000 читатели од 193 земји, а особено е профилиран во корпоративниот и финансискиот свет. Вообичаено избира најдобри банки и останати финансиски институции, а доделените награди се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Комерцијална банка е особено почестена што во последните четири години, кога светот, а со тоа и целиот финансиски сектор доживува големи промени, редовно е добитник на признание за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance. Тие се признание за лидерството што го покажува Банката во сите сегменти од своето работење, од иновации и инвестиции во дигитална технологија до сестрана грижа и поддршка на заедницата со цел да придонесе за просперитет на целото општество.

Tags: Global FinanceКомерцијална банканаградинајдобра банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ