• Latest
Фото: Рамиз Рустемов, 19 јануари 2017, ОУ Ѓорѓи Сугарев, Битола / ЕЦРП

Пресуда на Европскиот суд против Северна Македонија за сегрегација на ученици Роми

December 14, 2022

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Пресуда на Европскиот суд против Северна Македонија за сегрегација на ученици Роми

На секое домаќинство, (вкупно 38 семејства) им е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта. Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР).

December 14, 2022 13:06
in ВЕСТИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Рамиз Рустемов, 19 јануари 2017, ОУ Ѓорѓи Сугарев, Битола / ЕЦРП

Фото: Рамиз Рустемов, 19 јануари 2017, ОУ Ѓорѓи Сугарев, Битола / ЕЦРП

Share on FacebookShare on Twitter

Родителите Роми чиишто деца биле сегрегирани во две основни училишта во Северна Македонија добија важна пресуда пред Европскиот суд за човекови права против Северна Македонија. Судот утврди дека две основни училишта, „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и „Гоце Делчев“ во Штип, го повредиле правото на децата на недискриминација (член 14) во врска со нивното право на образование (член 2 од Протоколот бр. 1).

На секое домаќинство, (вкупно 38 семејства) им е доделена оштета во износ од 1.200 евра, или вкупно 45.600 евра за двете училишта. Предметот беше изнесен пред Судот преку две апликации поднесени од Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој претходно годинава обезбеди и одлуки за прекинување на сегрегацијата во Битола и Штип од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Северна Македонија.

„Неколку години трпеливо ја чекаме оваа пресуда и задоволни сме дека, конечно, неправдата што ја искусија многу генерации ромски деца кои учат во двете сегрегирани училишта е меѓународно признаена од страна на најважниот суд во Европа. Она што сега мора итно да се случи е донесување планови за десегрегација во двете училишта, за да се обезбеди дека утврдената повреда нема да се повтори во следните школски години. ЕЦПР внимателно ќе ги следи дејствијата на Владата и ќе го информира Комитетот на министри доколку пресудата не е проследена со соодветно спроведување. Во рок од три месеца државата треба да им исплати оштета на 38 домаќинства“, изјави правниот директор на ЕЦПР, Сенада Сали, за ЦИВИЛ Медиа.

Од ЕЦПР велат дека со години наназад, сè повеќе деца од населбата Баир во Битола, каде доминантно живее ромско население, посетуваат сегрегирани одделенија. За прв пат, во школската година 2021- 2022, сите првоодделенци запишани во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ се од ромско национално потекло. Во голема мера, тоа се должи на отпишување на не-ромските деца од страна на нивните родители и запишување во други училишта кои ги посетуваат помал број ромски ученици (појава позната како „white flight“ 1 ). Освен тоа, родителите сметаат дека е опаднат квалитетот на образованието што им се нуди на децата во училиштата со доминантно ромски ученици. Процесот познат како „white flight“ бил потпомогнат од училишните власти кои им отежнале, па дури и направиле да биде невозможно, родителите Роми да го сторат истото што го направиле другите родители и да ги запишат нивните деца на друго место каде ќе можат да добијат подобро образование.

Во однос на основното училиште „Гоце Делчев“ во Штип, пред Судот беше изнесено дека во школската година 2018-2019 учениците Роми претставувале 67 отсто од сите ученици. Исто како и во Битола, “white flight” било утврдено како причина за диспропорционално високиот број на деца Роми во училиштето. Судот утврди дека мерките што ги преземало училиштето за намалување на сегрегацијата на ромските ученици се неефективни.

Претставките што ЕЦПР ги поднесе до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација резултираа во позитивна одлука за родителите на засегнатите деца. Овој орган им нареди на општините да гарантираат дека децата може да се запишуваат само во училишта од нивната област, но и да преземат други мерки поврзани со училиштата кои имаат за цел да стават крај на сегрегацијата на децата Роми.

Повеќе информации за правниот процес поврзан со искоренување на сегрегацијата во училиштата во Битола и Штип се достапни на овој линк.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ