Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, во четвртокот рече дека нема да има преговори со Соединетите држави за сопственоста на Панамскиот канал и се надева дека претстојната посета на американскиот државен секретар Марко Рубио ќе им овозможи да се фокусираат на заедничките интереси, вклучително и миграцијата и борбата против трговијата со дрога, пренесува АП.
На денот на неговата инаугурација, Трамп тврдеше дека американските бродови биле „сериозно пренаплатени и не се третирани праведно на кој било начин, облик или форма“, истакнувајќи дека „пред се, Кина управува со Панамскиот канал“.
Тој претходно рече дека САД би можеле да бараат враќање на каналот.
Мулино се обиде да ја минимизира тензијата на неговата неделна прес-конференција во четвртокот. Тој зборуваше дека сака да ја разјасни конфузијата за улогата на Кина во каналот – конзорциум од Хонг Конг, кој управува со пристаништата на двата краја, но Панама го контролира каналот, и обвини претходник за воспоставување дипломатски односи со Кина.
Подготви: Д, Мишев