• Latest

Претседателот Пендаровски потпиша уште 18 укази за прогласување закони

May 23, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски потпиша уште 18 укази за прогласување закони

May 23, 2019 14:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони, кои не беа потпишани од претседателот Иванов.

Меѓу потпишаните се указите за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за бесплатна правна помош, на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Законот за дополнување на законот за служба во Армијата на Република Македонија, на Законот за прекинување на бременоста, на Законот за изменување и дополнување на законот за субвенционирање на станбен кредит.

Имплементацијата на овие закони носи многу придобивки и законските решенија се од суштински интерес за граѓаните на Република Северна Македонија.

Со Законот за спречување и заштита од дискриминација се обезбедува принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Законот ги заштитува лицата со попреченост и ги воведува родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за заштита од дискриминација.

Со законот за бесплатна правна помош се унапредува правото нa физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита, а со неговото донесување се врши усогласување со законодавството на Европската унија.

Со законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се олеснува остварувањето на правото на физичките и правните лица на слободен пристап до информации и се реформира системот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со дополнувањето на законот за служба во Армијата на Република Македонија, се овозможува прием на цивилен персонал на служба во Армијата без објавување на јавен оглас, од редот на професионалните војници, на кои службата во Армијата им престанала поради навршување на 45 години возраст.

Законот за Судски совет е реформски закон, целосно усогласен со препораките на Венецијанската комисија, со ГРЕКО и со оценската мисија на ТАИЕКС за обука на судии и јавни обвинители.

Со законот за прекинување на бременоста се укинуваат постојните административни процедури и бариери за спроведување на постапката за безбеден прекин на бременоста.

Измените на Законот за субвенционирање на станбен кредит ќе им помогнат на младите на побрз и поедноставен начин да го решат станбеното прашање. Се намалуваат каматните стапки за субвенциониран станбен кредит, се дава можност за поповолно субвенционирање на станбен кредит за купување на стан за млади до и со наполнети 35 години, како и поволни субвенции за изградба и купување на куќа, како и за надградба и доградба.

Претседателот Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на следните закони:

–           Закон за бесплатна правна помош,

–           Закон за дополнување на Законот за здравствената заштита,

–           Закон за инспекциски надзор,

–           Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер,

–           Закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија,

–           Закон за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт,

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит,

–           Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан,

–           Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија,

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост,

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за банките,

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување,

–           Закон за спречување и заштита од дискриминација,

–           Закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана),

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати,

–           Закон за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија,

–           Закон за прекинување на бременоста,

–           Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

Share34TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ