МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА
Незнаењето е проблем. Незнаењето на политичарите е голем проблем.
Барем Уставот да го прочитаат пред да тресат зелени. Ковачевски немал легитимитет за мандатор и за премиер затоа што не бил избран од народот.
Како тоа нема легитимитет за премиер ако зад себе има парламентарно мнозинство?
Му кажал некој на Мицковски дека премиер не се бира на избори?
Нема појма што е разлика меѓу законодавна и извршна власт.
Ова веќе станува отужно. Презаситен раствор на глупост.