Тимот на ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓанките и граѓаните на Прилеп кој е нивниот став и мислење околу референдумот.
„Од срце очекувам да дојде референдумот и Македонија да биде вистинската Македонија, онаа што ја очекуваме и што ја мислиме. Досега тоневме, но сега имаме историска шанса со која можеме да се унапредиме и да бидеме дел од Европа како што заслужуваме“, вели еден прилепчанец.
„Нашиот став околу референдумот е бојкот, да остане само Република Македонија“, додава друг граѓанин.
„Да одиме во ЕУ за да се покачат платите, со овие плати ништо не правиме“, потенцира една прилепчанка.
„Јас сум за референдумот да успее за да не ни бегаат младите“, истакна еден граѓанин.
Маја Ивановска
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Владо Крстевски