По информациите дека била демолирана канцеларијата на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, изборниот мониторинг на ЦИВИЛ излезе на терен да ги провери информациите. Според претходно објавените информации, во текот на минатата ноќ, на 13 август, се случил инцидент, односно влезната врата и инвентарот во објектот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп биле искршени.
Мониторингот на ЦИВИЛ се обрати во полицијата и побара информација дали случајот бил пријавен. До моментот на објавување на овој извештај (18:15 часот), не бил пријавен никаков инцидент во полиција.
Утринава, на 14 август, беа објавени фотографии на кои се видливи траги од кршење:
Попладнево, при увид на мониторинг тимот на ЦИВИЛ, се бележи дека вратата на објектот е заменета со нова.
Според неофицијалните информации што ги пренесуваат порталите, незадоволни партиски членови ја искршиле влезната врата на партискиот штаб, како и дел од инвентарот во просториите, каде во тој момент се наоѓале повеќе членови на прилепскиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Изворите од теренот јавуваат дека наводно се работи за член на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во администрација, кој влегол во штабот и со палка ја искршил влезната врата и инвентарот во канцеларијата.
ЦМТ