Денеска, од страна на полициски службеници од СВР Скопје било приведено едно лице под сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за лице од Скопје кое се сомничи дека има поврзаност со заканите за поставени бомби во скопските средни училишта изминатиов период.
Во координација со надлежното ЈО ќе се преземат сите потребни мерки за расчистување на овој случај.
Денеска учениците на средното училиште „Никола Карев“ беа евакуирани поради нова закана за бомба, а евакуирани се и други средни училишта поради безбедносни причини.
-Мејловите од кои е испратена новата закана за бомба се со слична содржина од преходно, но од различен испраќач. Во најбрз рок ги евакуиравме учениците, по инструкции на полицијата и сега се вршат проверки, вели , за „ЦИВИЛ медиа“ директорот на училиштето Андреј Манолев.
Минатата недела неколку училишта беа мета на лажни закани за бомби кои ги вознемирија и учениците и родителите.
М. Д.