На сопственикот на националната телевизија Алфа, фирмата „АЛФА СКОП ДОО“, ќе ѝ се суди за даночно затајување. Скопски обвинител ја обвини фирмата дека го оштетила државниот буџет за приближно 100 илјади евра поради неплатен данок на добивка, објави БИРН.
Информацијата за БИРН ја потврдија од Обвинителството.
„Постапувајќи по кривичната пријава против првото лице, надлежен јавен обвинител денеска (31.03) до Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен предлог против едно правно лице за продолжено кривично дело – даночно затајување“.