• Latest

Прекинат бојкотот на наставата во училиштето во селото Лажани

January 27, 2017
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Прекинат бојкотот на наставата во училиштето во селото Лажани

January 27, 2017 17:05
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на родители на учениците од Основното училиште „Мирче Ацев“ во долненското село Лажани, одлучи да го прекине бојкотот на наставата на околу 270 деца, откако добиле повторно ветување од Општината Долнени, дека итно ќе се санираат клучните проблеми во објектот каде се одржува наставата.

„На средбата со претставниците од Општината, добивме гаранции и веќе се во тек активности за изолација на каблите за струја, а имаме ветување дека викендов ќе финишираат и активностите за ставање на гумени подови во две училници каде засега ќе се изведува наставата. Им дадовме рок до понеделник. Доколку ветувањата и овој пат не ги исполнат, ќе преминеме на радикални чекори. Бидејќи нашите барања се од ноември, а Општината и градоначалникот ги заборавија ветувањата, па бевме принудени на бојкот“, вели Мирсад Колашинац, претседател на Советот на родители.

И надлежните од Општина Долнени потврдуваат дека бојкотот на наставата е прекинат и дека до понеделник, реално ќе има услови за настава во две училници.

„Поголеми зафати во моментов, не можеме да преземеме. Но, се договоривме по средбата со родителите, да бидат изолирани каблите за струја, инвестиција од околу 1.500 евра и да се стават гумени подови во две училници, вкупно ќе се потрошат околу 3.000 евра. Во понеделник, учениците ќе може да следат настава во нормални услови“, изјавија надлежните од Општина Долнени.

Учениците од Лажани ја бојкотираа наставата од почетокот на неделава.

М. Талеска

Tags: бојкотДолненилажаниОУ „Мирче Ацев“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ