• Latest

Прекршочни постапки за тие што неизбалансирано ќе известуваат за избори

September 28, 2017
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прекршочни постапки за тие што неизбалансирано ќе известуваат за избори

September 28, 2017 08:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со допис ги извести радиодифузерите дека ќе продолжи со мониторингот на изборното медиумско претставување, во согласност со одредбите од Изборниот законик што се применуваат за време на изборната кампања.

„Во овој период од изборниот процес, радиодифузерите што одлучиле да ги покриваат изборите треба да ги почитуваат обврските за известување на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма, а на учесниците во кампањата да им овозможат подеднакви услови за пристап, до сите форми на изборно медиумско претставување“, соопштуваат од АВМУ.

Оттаму додаваат дека известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на Градот Скопје, на државните институции и организации, како и за правни и на други лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект.

„Радиодифузерите да ги почитуваат правилата за платено политичко рекламирање – со исклучок на јавниот сервис и за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. За Јавниот радиодифузен сервис важат посебни правила за време на кампањата. Во информативната програма треба да се обезбеди рамноправен пристап, при што 30% од времето да се одвои за дневните настани од земјата и светот, 30% за активностите на политичките партии на власт, 30% за активностите на политичките партии во опозиција и 10% за активностите на политичките партии кои не се претставени во Собранието. Во првиот и во вториот круг на гласање, да емитува бесплатно политичко претставување на учесниците во изборниот процес, а од денот на распишување на изборите до изборниот молк, да организира дебатни емисии, односно соочувања, на најголемите политички партии од власта и опозицијата, како и на останатите учесници во изборниот процес“, додаваат од АВМУ.

Програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието на Република Македонија во времетраење од по три часа треба да обезбеди бесплатно политичко претставување на кампањите на политичките партии застапени во Собранието, како и еден час за бесплатно политичко претставување на кампањите на подносителите на листи кои не се застапени во Собранието.

За периодот на изборната кампања Агенцијата ќе објави по два поединечни извештаи за начинот на покривање на изборите за сите медиуми што се предмет на мониторинг, во два извештајни периоди. Првиот извештај ќе биде за периодот од 25 септември до 4 октомври, а вториот, за периодот од 5 до 13 октомври 2017 година.

Текст и камера: Дехран Муратов

Монтажа: Биљана Јордановска

Tags: АВМУлокални избориМедиумимониторингпрекршочни постапки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ