ВЕСТ НА ДЕНОТ
Втор ден автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“ остануваат паркирани, жителите кои ги користат нивните услугите останаа без превоз
Приватниот автобуски превозник „Макекспрес“ втор ден не сообраќа по редовните линии, бидејќи како што велат од претпријатието, немаат средства за да се продолжи со работа. Компанијата вели дека тоа е поради доспеаниот долг од Град Скопје и од ЈСП за претходните три месеци кој изнесува над половина милион евра. „Макекспрес“ бара средба со градоначалничката Данела Арсовска и со раководството на ЈСП.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
За настапи на телевизии никогаш не сум правел селекција и не постои прашање на кое не сум одговарал, додаде Ковачевски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
УКРАИНСКАТА АМБАСАДОРКА ЛАРИСА ДИР, на својот Твитер налог објави порака по повод 251-от ден од херојската борба на Украина против руската воена и руските напади врс цивилни цели во украинските градови.
Day 251 of Ukraine’s heroic fight against the russian military aggression has begun with air raid siren.#RussiaIsATerroristState #StopRussia & #StandWithUkraine
?Ukrinform pic.twitter.com/dfSaKZDwTH
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 1, 2022
251-от ден од херојската борба на Украина против руската воена агресија започна со сирена за воздушен напад, напиша Дир.
ЦИВИЛНИ ЖРТВИ,УКРАИНА Во регионот на Доњецк, руската војска во изминатите 24 часа уби тројца цивили и рани уште тројца, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк во изјава за Телеграм.
„На 31 октомври Русите убија тројца мирни жители на регионот Доњецк, меѓу кои двајца во Бахмут и еден во Курахове“, рече тој.
РУСКИ РАКЕТНИ НАПАДИ Руските агресори извршија 60 ракетни и 15 воздушни напади и употреби повеќе ракетни фрлачи повеќе од 45 пати во понеделникот, 31 октомври, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук.
Непријателот погоди области на повеќе од 50 населени места, вклучувајќи ги Соледар, Вухледар, Јаковливка и Веселе во регионот на Доњецк, се вели во извештајот.
СВЕТ
Болсонаро сè уште не го признал поразот, дали го следи „прирачникот“ на Трамп Бразил и неговиот новоизбран претседател, левичарот Луис Инасио Лула да Силва, победникот на изборите во неделата, се разбудија во понеделникот сопрашањето познато на Американците: Дали губитникот ќе попушти?
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЗАКОН ЗА ЗДРУЖЕНИЈА, ФОНДАЦИИ Предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политичките партии, по скратена постапка, денеска го поминаа филтерот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска се обрати на 17. Регионална средба на мрежата на експерти за огнено оружје во југоисточна Европа – СИФЕН, каде се заблагодари за поддршката што Европската Унија ја дава на Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје во југоисточна и источна Европа- СИСАК (SEESAC).
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ, ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Најновата телекомуникациска опрема на АД МЕПСО што од денеска ќе биде ставена во функција ќе овозможи брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови.
МЕРКИ ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ Не само оваа година, туку во последните три години Владата предводена од СДСМ презема навремени и праведни мерки за помош на граѓаните во време на криза, истакна потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за веб порталот Локално.
ЕНЕРГИЈА, КРИЗА АД ЕСМ на вчера произведе 11.149 MWh електрична енергија, информираат денеска од Владата. Во Термоелектраните биле произведени 7.652 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.497 MWh.
КЛУБОВИ, ДОБОРСОСЕДСТВО Во правна процедура која започна во 2019 година, Бугарскиот суд ја затвора организацијата „Граѓанско здружение за заштита на основни индивидуални човечки права“, што го отвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.
ОСТАВКА, ПРОТОКОЛ Министерот за надворешни работи Бујар Османи за грешката со знамињата за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, на масата каде што седеше со Османи наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка, вели дека Директорот на протоколот поднел оставка која ја прифатил.
ГРАЃАНСКА ТРИБИНА Граѓанските трибини на СДСМ, кои деновиве се актуелни низ македонските градови, се уште еден чекор во насока, која партија ја презеде, за менување на начинот на водење политика и преку тоа доближување до граѓаните.
НЕФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ Нов ден, нови проблеми за скопјани откако на функцијата градоначалник стигна Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Втор ден не сообраќаат автобусите на приватните превозници поради доспеан долг од Град Скопје и ЈСП за изминатите три месеци, сума која достигнува над половина милион евра.
ЗЕЛЕНИ АКТИВНОСТИ
Излезе печатеното издание на „Зелена читанка“, во издание на ЦИВИЛ. Целта на публикацијата е, на лесно разбирлив начин, да придонесе кон подобрување на нивото на знаења за зелените прашања и зелените вредности. Публикацијата во електронска и печатена форма произлезе од истоимениот проект кој го спроведува организациската единица Зелен Цивил, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
ИНТЕРВЈУ
Кога станува збор за медиумите, декларативно постои партиски консензус но, меѓупартиските игри и блокадите што доаѓаат од опозицијата кочат многу реформи, вклучувајќи ги законските измени за подобрување на состојбата во медиумската сфера, е дел од размислувањето на Катерина Синадиновска, претседателка на Управен одбор во Советот за етика на медиумите во Македонија. Во разговорот за Цивил медиа, таа зборува и за дезинформациите, правата на медиусмките работници, одговорноста на новинарите во известувањето.
„Неодамна беше кога излеговме од еден друг систем и какви беа медиумските слободи тогаш, таа диктатура на мислата и на умот не смее да се врати но недостасуваат системски реформи.“
СЛОБОДНА ЗОНА

Повторно си играм со зборовите што ми се наметнуваат за времињата кои изминаа. Кога се обидувам сите нив да ги ставам во некаква колона на прегледност, дури сега разбирам дека сите тие завршувале на – ција. Сѐ било некаков процес за кој повеќе или помалку не сме биле свесни и никогаш не завршувал со прокламираните цели и завршници. Како некој да нѐ става во тунели и ни го покажува светлото на неговиот крај и ни вели– еве ова е вашиот пат и треба низ темнината да стигнете до светлоста која ја гледате. Некогаш таа светлост и не ја гледаме, туку само замислуваме каква е и колку е топло под неа, пишува Војо Маневски во колумната „Процесизација“
Д. Мишев












ИНТЕРВЈУ 