• Latest

Здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград заминува во ликвидација

November 1, 2022

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград заминува во ликвидација

November 1, 2022 13:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во правна процедура која започна во 2019 година, Бугарскиот суд ја затвора организацијата „Граѓанско здружение за заштита на основни индивидуални човечки права“, што го отвори македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград,  објави „360 степени“.

 „Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, пренесува 360

Уште не стивнаа страстите од двете страни на границата по отварањето на клубот во Благоевград,  граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.

Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска

Со одлуката за ликвидација, што е правосилна од првата половина на месецов, не бил запознаен ниту основачот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, Атанас Мазнев, како што пренесува „360 степени“.

„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато,“ вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.

Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.

За градоначалникот на Благоевград,  Илко Стојанов отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин, и според него тој е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија. Тој додаде дека тој е повеќе канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров. Градоначалникот во пресрет на свеченото отворање на клубот одржано завчера, се огради од настанот.
„Со сигурност, кога ќе биде официјален клуб ,би присуствувал и ќе присуствувам,“ вели градоначалникот Илко Стојанов.

Отворањето на клубот во Благоевград помина со помали протести и со силно полициско обезбедување, а македонските политичари Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Апасиев од Левица кои беа присутни на настанот влегоа во вербален дуел со дел од демонстрантите

И отворањето на двата бугарски клуба во Македонија, „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид помина со помали протести, но со голем револт на граѓаните затоа што клубовите се именувани по фашистички соработници и негатори на Македонците. Битолскиот клуб беше опожарен брзо по отворањето, а на охридскиот му беше искршена таблата.

Според аналитичарите, отворањето културни клубови помеѓу две држави може да донесе само добро, но начинот на кој се прави тоа во Македонија и во Бугарија е продолжение на досегашните лоши односи меѓу двете земји. Додека траеше бугарското вето, Софија и Скопје беа во постојан вербален дуел и во дипломатски надмудрувања, но „преку границата“, а по прифаќањето на „францускиот предлог“ политичарите ги смирија своите изјави, ама нетрпеливоста се префрли директно на терен, со пресметки помеѓу самите граѓани.

М.Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ