• Latest

Продолжува незадоволството во ДУИ – се бара разрешување на дел од министрите

December 27, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Продолжува незадоволството во ДУИ – се бара разрешување на дел од министрите

December 27, 2022 17:16
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Незадоволната група од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) предводени од пратеникот Изет Меџити, и други партиски и владини функсионери денеска на прес-конференција претставија анализа и го повторија своето незадоволство од работењето на дел од министрите во Владата и побараа одговорност за тоа. Тие се пожалија дека нивните забелешки не биле разгледани во партијата, поради што се одлучиле да ги споделат со јавноста, членството и со гласачите.

Меџити истака дека го избрале овој начин на делување, бидејќи во партијата им било кажано дека повеќе нема да има средби за ова прашање. Анализата содржеше оценка за реализацијата на 170 ветени предизборни проекти за периодот 2020-2022 година.

„По наше барање пред три месеци, започна институционалното функционирање на партиските органи, се отвори дискусија за отчетност, по две средби работата во раководството се прекина. Нашите забелешки за нереализирање на програмските ветувања за изборите од 2020 година не беа земени предвид, а состаноците беа затворени без никаква одлука. Затоа решивме да се обратиме до членството, гласачите и јавното мислење за состојбата на ДУИ“, рече Меџити.

Според него, донесувањето на одлуки во партијата станало ексклузивна привилегија за Артан Груби, што не оди само на штета на партијата, туку и на државата.

„Од 170 заложби, само две се целосно спроведени, а пет се делумно спроведени. Додека другите се заборавени од извршната власт на ДУИ. За неуспесите на владините проекти сведочи и анкетата на меѓународната организација ИРИ, па ако сме ние субјективни, на крајот токму американската ИРИ ги даде резултатите каде Артан Груби и Бујар Османи имаат најслаби перформанси и за првпат рејтингот на албанската опозиција го надминува рејтингот на ДУИ“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Понатаму рече дека нема да се формира нова политичка фракција и нема да бара лична одговорност од претседателот Али Ахмети. Според нив, одговорноста е на министрите и тие се оние кои треба да бидат разрешени.

Меџити потенцираше дека го поддржуваат курсот на Владата, членството во НАТО и напорите за влез во ЕУ.

„Сѐ она што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија, сѐ што ќе биде предложено како добар закон во Собрание, што е од интерес на граѓаните, ќе ги гласаме“, рече Меџити.

Ваквата реакција доаѓа откако оваа група во ДУИ, успеа да издејствува да се формираат партиските тела кои, според нив, долго време беа нефункционални.

 

Н. А.

 

Tags: ДУИИзет Меџити
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ