• Latest

Проекти од областа на животната средина во фокусот на Француската агенција за развој во Северна Македонија

March 31, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Проекти од областа на животната средина во фокусот на Француската агенција за развој во Северна Македонија

March 31, 2021 14:55
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Воспоставувањето на Француската агенција за развој (АФД) е почеток на едно ново поглавје на соработка помеѓу Франција и Република Северна Македонија. АФД е најстарата развојна агенција во светот но со огромни можности за помагање на развојот на РС Македонија, и на демократскиот и на економскиот развој со цел државата што побрзо и полесно ги постигне критериумите за членство во ЕУ.

Ова го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на домаќин на денешната неформална средба со медиумите на Доминик Отберг, регионален директор на француската Агенција за развој (АФД) кој е во посета на земјава, на која присуствуваше и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер . Османи при тоа изрази задоволство за новата стратегија на Париз за Западниот Балкан и што брзо по потпишувањето на договорот во февруари, се развиваат активностите за нејзино воспоставување во земјава.

Според амбасадорот Бомгартнер, од денес влегуваме во повидлива фаза која е одраз на заедничката волја за зајакнување на односите помеѓу двете земји, кои традиционално се добри, но за кои понекогаш, вели, може се чини дека недостасувала суштината. Воспоставувањето на дејноста на АФД во земјава значи поддршка на долгорочен план за постигнување на економски и социјален напредок кој, вели, ќе не однесе конечно кон европска интеграција, но и регионална.

АФД е најстарата развојна агенција во светот со присуство во 115 земји. Има14 милијарди евра годишни инвестиции, работи  на 4.000 проекти во различни области и вработува 2650 луѓе.

Регионалниот директор на АФД, Отберг истакна дека Агенцијата има мандат од Француската Влада од 2018 година за присуство во повеќе земји од регионот кои имаат аспирации за членство во ЕУ. Седиштето на регионалната канцеларија е во Белград, отворено е од септември 2019 година, а буџетот за Западен Балкан е во вредност од 200 до 300 милиони евра со можност да се зголемува.

Досега се присутни во три земји од ЗБ, а Северна Македонија е следната етапа. Работат на поддршка на проекти од различни областа, но пред се кои имаат директен и позитивен бенефит врз база на Парискиот климатски договор, потоа проекти од областа на социјалата со поддршка на најранливите категории на население, младите, како и на родовата еднаквост. Проекти што нема да бидат во согласност со Парискиот климатски договор или со родовата еднаквост нема да можат да бидат финансирани од АФД, вели Отберг.

Во земјите во регионот спроведуваат проекти од областа на енергетиката, социјалата, водите но и поддршка на МСП и поддршка за урбаниот транспорт. – Друг сектор се климатските закони кои ние ги финансираме во овие земји од регионот, вели Отберг.

Во Северна Македонија веќе се спроведува проект поддржан од АФД преку РИКО – регионалната канцеларија за млади за поддршка на претприемништвото кај младите и проектот „Смарт Сити“ за развој на план и стратегија на главните градови. На земјава и се на располагање и голем број фондови за поддршка на енергетската ефикасност.

Според Отберг, најприоритетна област за Северна Македонија се проектите во областа на животната средина кои имаат допирни точки со Парискиот климатски договор, а тоа се водите, енергетиката, урбаниот развој, транспортот, заштитата на природните ресурси, енергетската ефикасност…

Тој и Бомгартнер сметаат дека не се доцни со работата на АФД во земјава, бидејќи договорот меѓу двете влади е потпишан пред пет недели, а свое влијание имало и функционирањето на техничката влада и предвремените парламентарни избори.  

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ