Русија е во моментов автократска држава.
Америка е демократска.
Никој не вели дека е нешто посебно добра, ниту совршена, ниту пак дека не е империјалистичка. Ама е демократија. Русија не е. По никој основ.
Русија ја нападна Украина, а не обратно.
Никој не вели дека Украина е држава без корупција, некоја светла точка на демократијата и супер место за живеење. Ама таа е нападната, а не обратно.
Русија во моментов не е во судир со Америка, туку со целиот демократски свет.
Тој демократски свет ниту е совршен ниту безгрешен, меѓутоа е на највисоко скалило на актуелниот цивилизациски развој на човештвото. Русија е на дното.
Светот има проблем со лажните вести и со дезинформациите. Се измислуваат различни алатки за нивно намалување, за проверки, за подобро информирање. Затоа што информацијата е суштински дел од практикувањето на човековите права. Режимот на Путин има разработено машинерија за производство на лажни вести која е платена со државни пари и има ставено забрана на ширење на информации. Постои апсолутна забрана на критика на власта, оспорување на активностите на власта, повикување на одговорност на власта, кривично гонење на високите функционери во власта. Во Русија е забранета е било каква опозиција. Таква е ситуацијата.
Може да раскажувате колку сакате гачки и да споредувате и да поистоветувате.
Има разлика.
Ова е мој став како професор, како бранител на човековите права и како експерт од областа на човековите права.
Проф. д-р Мирјана Најчевска