Откако Фејсбук ја избриша страницата „Предавници – Traitors“ на која група бојкотирачи малтретираа пред камера, а потоа објавуваа фотографии и видеа од гласачи во Мелбурн, тие формираа уште една група што во моментот на пишување на оваа информација веќе е избришан.
Видеа беа постирани со цел да се оцрнат Македонците како предавници затоа што излегле да го искористат своето право на глас.
„Очигледно е дека оваа кампања во голем дел се потпира на социјалните медиуми како Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Изборниот молк се крши токму преку социјалните мрежи, а ефектот од попречувањето и притисокот врз гласачите се мултиплицира токму преку нив. Се користат сите можни недостатоци и отсуство на законски ограничувања, за да се води валкана политичка борба, надвор од сите демократски и етички норми“, се вели во денешниот извештај од мониторингот на ЦИВИЛ.
Ваквото однесување и користење на социјлалните мрежи го осуди и Министерството за надоврешни работи од каде реагираа дека со ова директно се крши основното демократско право на гласање, но и влијание врз референдумскиот процес, како и прекршување на правото на приватност за време на гласање.
Б. Јордановска