ЦИВИЛ ќе истакне промотивни цени на утрешниот настан за јавно претставување на обемниот издавачки потфат – три книги со повеќе од 350 колумни, на вкупно 1.000 страници во клубот Сити Хол (до МКЦ), во среда, 30 мај, со почеток во 20:30 часот.
“Во чекалницата на слободата” од Сашо Орданоски, на 440 страници, ќе чини 300 денари, а “Рафал” од Џабир Дерала и “Неправда и немир” од дваесетина авторки и автори на ЦИВИЛ, со по 280 страници, ќе имаат цена од 200 денари. Пакет од сите три книги ќе чини 500 денари, односно за купени две книги, третата ќе биде гратис. Веќе утредента, цената на овие изданија поединечно ќе биде за 100 денари повисока по примерок.
На утрешната промоција, како што ветија организаторите, нема да има говоранции, туку дружење со авторките и авторите, добра музика и пријатна атмосфера.
Приходите од продажбата на изданијата на ЦИВИЛ се наменети за подобрување на медиумската платформа на организацијата.
М. Л.