• Latest

Промовиран поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамките на проектот МКД НАТО 2030 во функција на македонската економија

December 20, 2022
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовиран поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамките на проектот МКД НАТО 2030 во функција на македонската економија

December 20, 2022 12:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Формирањето  на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ ќе им овозможи извонредна прилика на скоро сите наши компании да постигнат ниво на стандард кој е многу повисок заради пласманот на пазарите на европа и развиените земји” – истакна извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев на денешната средба со министерката за одбрана Славјанка Петровска како и претставниците на бизнис-секторот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Претседател на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ е Претседателот на СКСМ Бранко Азески, а во негово име обраќање имаше извршниот директор Антони Пешев.

На промотивниот настан свои обраќања имаа и министерката за одбрана, г-ѓа Славјанка Петровска и г-дин проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на „МКД НАТО 2030“, како и претставници на компаниите веќе регистрирани во НАТО базата, кои споделија дел од своите искуствата со останатите компании и дадоа свои предлози и мислења.

Со формирањето на овој поткомитет се отвораат вратите за македонскиот бизнис сектор за креирање одржливи решенија и можности за македонската економија со што компаниите добиваат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите членки.

„НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде една голема можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на НАТО алијансата. Се работи за еден значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната промотивна средба одржана во Комората. Таа истакна дека до сега постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки имаат направено 23 компании, и ги охрабри и другите компании да ја искористат оваа можност, и со тоа заеднички да придонесеме за јакнење на економијата во државата.

Активностите на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ треба да овозможи конкретни мерки и активности, едукативи настани преку кој ќе се олесни и значително ќе се подобри пристапот на македонските компании на НАТО пазарот, сè со цел да придонесе кон подобрување на македонската економија.

Професорот Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „МКД НАТО 2030“ истакна дека ова е одлична можност на компаниите за учество на тендерите на НАТО во делот на артикли и дејности како што се осигурување, набавка на облека, униформи, обувки, изградба и оплеменување на објекти, ИТ консултации, консултатнски услуги, лекови, медицински услуги за НАТО силите на Косово и др.

Од страна на професор Ѓуровски беа образложени деталните активности на  поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“.

Tags: бизнис заедницаНАТОСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ