Вториот регионалниот конкурс за краток расказ „Бибер“ на темата помирување, во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001 беше распишан во јануари 2017 година.
Првата промоција на новата „Бибер“ збирка ќе се одржи во Тетово на 27 март 2018 година на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тетово.
На конкурсот учествувале 385 раскази на албански, македонски, босански, хрватски, црногорски или српски јазик, а жирито го сочинуваа Фарук Шехиќ, Ким Мехмети и Татјана Громача.
Оваа година добитници се Милица Вучковиќ од Белград, првонаградена за расказот „Јадат луѓе и без нозе“. Втората награда ѝ припадна на Џенета Ровчанин од Сараево за расказот „Чичко Зав“. Третата награда за расказот „Семејството на чичко Аки“ на авторката Анушка Миновска од Скопје.
Вкупно 25 раскази се избрани да бидат објавени во збирката Бибер 02.
Збирката ќе ја промовираат Фарук Шехиќ, писател од Сараево, Ќерим Ондози, преведувач од Приштина, Анушка Миновска од Скопје, авторка на третонаградениот расказ и Данило Лучиќ, поет и уредник од Белград.
Б.Ј.