Алтернативниот бенд Monoglitch од Скопје, ќе го промовира својот албум Protofuture, со слушачка промоција во Кафе бар Браво, на 24 март, со почеток од 21 часот.
Protofuture е првиот албум на бендот, миксот на албумот го работеше Гени Каревски, а мастерот на албумот е направен од страна на Audio Animals (Mixing and Mastering House UK).
Monoglitch, порано познати под името Project 2501, е електронски рок бенд од Скопје, кој постои од 2011 година.
Досега имаат настапувано на повеќе фестивали во Македонија, како и на неколку фестивали надвор од Македонија, заедно со други светски бендови меѓу кои и Atari Teenage Riot. Досега имаат издадено 5 ЕП изданија.
„Во план ни е да снимиме видео запис за прв сингл во наредниве месец или два и потоа во план ни е да направиме и концертна промоција. Планираме да направиме и турнеја, поточно европска турнеја, но сè уште не се знае за сигурно“ вели Филип Петровски, од Monoglitch.
Нивната музика можете да ја слушнете на овој линк.
Влезот за промоцијата е бесплатен.
Ангела Петровска