• Latest

Пропаганда на власта: Во Македонија нема коинциденција!

June 29, 2016

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Пропаганда на власта: Во Македонија нема коинциденција!

June 29, 2016 16:32
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Веднаш по објавувањето на интервјуто со Сандра Ѓоргиева, режисерката на филмот “Зелени ѕидови, црна храна“, во кој е опишана катастрофалната состојба во студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје,  интернет порталите кои се под строга владина контрола, со идентични наслови, објавија редица текстови за тоа како во „Блокот Б“ во студентскиот “Гоце Делчев”, “мириса на ново”, како и дека останатите блокови ќе се реновираат до почетокот на следната учебна година.

фгх
Извор: Скопјеинфо

На објавените фотографии е соба од веќе реновираниот „Блокот Б“, но никаде ги нема подовите кои непосредно по површниот зафат, повторно се мувлосани. А како што изјави режисерката Ѓоргиева, „веќе почна да се појавува мувла на подот во собите. Топла вода нема и по две недели, а исто така, изборот и квалитетот на храната во студентските мензи не е променет”. Во пофалните текстови за луксузот во кој веќе живеат студентите од „Блок Б“, не се споменува недостатокот на топла вода, ни квалитетот на храната. Очигледно, тоа не можеле да го обезбедат ни при фотографирањето за репортажата за убавините во студентскиот дом.

фг

Останатите блокови, според овие најави, наводно ќе биле реновиирани, и ќе се пуштеле во употреба оваа есен, кога студентите ќе добиеле “европско сместување”. Откако, нели, „македонското сместување“ цел свет имаше можност да види како изгледа, по објаувањето на фотографиите за реалноста во која преживуваат студентите во „Гоце Делчев“.

Untitled

Дали ова информација ќе ги израдува студентите – не знаеме, со оглед на тоа дека реновирањето на домот се најавува од 2о13-та година. А можеби тие најдобро знаат дека убавите соби, кои се користат за фотографирање, ќе ги добијат партиските војници меѓу студентите, кои живеат во домовите и неколку години по завршеното студирање, кои се и главни „менаџери“, задолжени за забавниот живот и продавање на билети за влез во диското…

Во меѓувреме, се организираше уште еден скандалозен избор на претседател на Студентскиот парламент на УКИМ. Студентскиот пленум повикува на бојкот на изборите, кои како што велат “се крајно нелегални и нелегитимни и се распишани од студенти на кои веќе две години им е истечен мандатот и со тоа го изгубиле правото да распишуваат избори!”.

Според досегашното искуство, лесно е да се претпостави дека преку ваквите избори, на чело на студентите повторно ќе се постави некој, кој и во следниот мандат нема да работи за нивните основни права и нема да се бори за подбрување на условите во кои тие живеат. Власта ќе објавува пропагадни фотографии во „своите“ медиуми, а студентите без партиска книшка… Тие, ќе живеат, како и досега, меѓу мувлосаните ѕидови и ќе јадат црна храна.

Марија Теговска 

 

 

 

 

Tags: МакедонијаМедиумистудентиусловиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ