Преку лажни вести, дезинформации и теории на заговор на социјалните мрежи за наводни биолабаратории, одредени лица се обидуваат да ја оправдаат воената агресија на Русија врз Украина каде што дневно умираат по стотици лица, меѓу кои жени и деца.
Твитер профилот Чиз, шири дезинформации и паника кај населението за наводно собирање на ДНК од Руси за да мутираат смртоносни вируси…
Активистот Павле Богоевски на својот Фејсбук профил објави дека зад профилот Чиз се крие Горан Костовски, советник на Левица во општина Аеродром.
Дел од граѓаните го демаскираа овој обид за манипулација и дезинформација. Новинарката Тања Милевска на својот Твитер профил објави: Кој ќе му каже дека и Украинците се Словени?
Пропагандната машинерија за дефокусирање и оправдување на руската агресија работи 24/7. Сите што шират дезинформации со цел да предизвикаат паника, несигурност, страв… треба да одговараат, особено доколку навистина ваквите дезинформации ги шират луѓе кои се платени со парите на граѓаните.
Д. Муратов