Денеска во Скопје, со почеток во 12:30 часот ќе се одржи протестен марш против загадувањето на Крива Река и во знак на револт од реакцијата на надлежните државни институции на хаваријата која се случи на 14 март.
Маршот кој ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Пред Државниот инспекторат за животна средина е во организација на движењето „Зелен хуман град“
Од таму велат дека институциите што требаше да ја спречат и превенираат хаваријата во рудникот „Тораница“, не само што дозволија таа да се случи, туку и затаија.
Ако не ги држиме институциите одговорни, ваквите сценарија ќе се повторуваат! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ! Без чиста животна средина, не можеме да зборуваме за здрав живот!, се вели во повикот упатен пд здружението преку Фејсбук.
М. Д.