Утре во Скопје ќе се одржи уште еден протестен митинг против руската агресија. Митингот ќе започне во 12 часот кај детското игралиште зад Универзалната сала, инаку донација од руската амбасада во Скопје.
Од таму, поворката ќе се упати кон руската амбасада која се наоѓа на ул. Пиринска бр. 44, во близина на Соборниот храм, каде што ќе пристигне во 12:30 часот.
Организатор на протестот „против руските убијци и мародери“ е Здружението „Лесја Украинка“.