• Latest

Протести штетни по човековото здравје

December 13, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Протести штетни по човековото здравје

December 13, 2018 15:44
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичнот суд денеска имаше три нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина”, „Тарифа” и „Титаник 3″ на Специјалното јавно обвинителство. 

Во „Таргет – Тврдина” обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Сашо Мијалков цврсто решен да се брани од слобода понуди еден милион евра за да биде пуштен од притворот во Шутка. Како што објавија медиумите повикувајќи се на судски извори, се работи за три недвижни имоти со вкупна вредност од 1,092 милиони евра.

Протест(и)

Продолжи протестот на вработените на Клинички центар кои освен за зголемувањето на цената на паркингот, побараа и продолжување на дијалогот за покачување на платите. Вработените во Клинички, започнаа штрајк во болничкиот круг, откако Град Скопје прво најави, а потоа и донесе одлука за поскапување на месечниот билет за паркирање за вработнеите од 300 на 800 денари.

Малку поинакви протести продолжуваат и понатаму пред Собранието. Пет протестанти го загушија центар. Палеле гуми палети и ѓубре објави граѓанин на Твитер. 

„Секоја чест Оливер Спасовски од МВР, очигледно не може да се справиш со проблемиве ни ти ниту Петре Шилегов, ниту Саша Богдановиќ – Србче… Казнувате луѓе што прават ајвар, а оставате да ви палат гуми во центар на Скопје, каде се комуналните инспектори на град Скопје и општина Центар“, беше коментарот на еден граѓанин.

Друга граѓанка објави кратко видео каде што пишува: „Се гори на отворено, се гори пластика, пред Собрание на Р. Македонија, пред очи на MВР. Никој не реагира од институциите, дури ни лекарите од соседната болница…“.
Еднаквост
Можеби изненадува овој факт, но според индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот совет за надворешни односи (ЦФР), Македонија нуди поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка.  Македонија се наоѓа на 17 место со 86,6 поени според неколку фактори за еднаквост на работното место како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на труд, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, можноста жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство.
Штрајк

Во затворот Идризово се прекина штрајкот со глад што започна во понеделникот како реакција на незадоволството што за 27-ми април политичарите подготвија амнестија за своите колеги. Штрајкот се прекина по состанокот со директорот на затворот кој ветил дека нивните барања ќе бидат претставени на сотанок во Владата.

Семејствата на затворениците го откажаа и за утре најавениот протест пред владата. Затворениците бараат амнестија и за нив како и за 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство.

Слобода на движење

На 13 декември ЦИВИЛ потсетува на 13 член од Универзалната декларација за човекови права, според кој секој има право на слободно движење.

Негирањето на правото на слободното движење во рамките на националните и меѓународните граници може да има длабоки последици по другите основни човекови права, кои што се наведени во Универзалната декларација за човековите права.

Хуманост

Граѓанската новинарка Симона Живкова од Штип направи видео сторија за новиот Дом за деца „Емануел“ во Радовиш. Видео сторијата „Од сон до реализација: Дом за деца без родители во Радовиш“ можете да ја прочитате на clp.mk, како и да дознаете повеќе за граѓанското новинарство и активизам како можност да се биде дел од општествените промени.

Б. Јордановска

Tags: еднаквостПротестиСЈОхуманостШтрајк
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ