Денеска од 12:30 часот Здружението за заштита на граѓанските права „Но Пасаран – Скопје“ ќе одржи мирен протест пред Врховниот суд против криминалното и корумпирано судство.
Здружението Но Пасаран пред судот јавно ќе ги прочита имињата на 44 судии од Основен суд 2 и Апелација кои спротивно на Законот воделе судски постапки и носеле решенија со кои ги оштетиле граѓаните. На протестот ќе бидат побарани оставки од одговорните лица и прием во Врховен суд.