• Latest

Протест против „тефтер – судиите“ и „џелатите на правдата“!

February 29, 2016
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протест против „тефтер – судиите“ и „џелатите на правдата“!

February 29, 2016 16:12
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова не е Уставен суд, ова е експозитура на злосторничко здружение, овие се џелати на правдата. Да се носи таква одлука, во момент кога е јасно дека со фалисификати се одржуваат власт, тоа е вистинска срамота. Мислам дека повеќе луѓе мора да протестираат, да се соберат и да им кажат на овие апаши во Република Македонија дека не може на овој начин да се управува“, изјави денес пред Уставниот суд, еден од учесниците на протестот ексгувернерот на НБРМ, Петар Гошев.

Петар Гошев
Петар Гошев

Повеќе стотици револтирани граѓани со транспаренти, свирчиња и тоалетни хартии протестираа пред Уставниот суд и скандираа барања за оставки на судиите Јован Јосифовски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова, Елена Гошева и Никола Ивановски, кои како мнозинство ги надгласаа колегите-судии и ја прифатија иницијативата за разгледување на Законот за помилување, со која, судот во следната фаза може да одлучи да ги зголеми ингеренциите на претседателот на државата за помилување и на лица осудени за изборен криминал. Граѓаните извикуваа и: „Нема правда – нема мир!“, “Оставка за џелатите на Уставот!”,” Излезете да се видиме”, „Ова нема да ви помине“ …

Протестот кој беше следен од силен полициски кордон, беше мирен. На него говореа активистите од Платформата за граѓанска политика – АЈДЕ, Жарко Трајановски, Петрит Сарачини, Александар Дојранлиев и Симона Спировска.

Уранија Пировска
Уранија Пировска

Според Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човековио права на Македонија, одлуката на судиите не е случајност: „Со оваа одлука на судот, и доколку понатаму, Законот за помилување од 2009 година се укине, се отвара простор за сите оние кои што ќе направат изборен криминал, понатаму да бидат амнестирани од претседателот. И Комисијата за помилување е утврдена токму со овој закон од 2009, ако се укине овој закон, може да се случи да се укине и оваа Комисија. Тоа значи дека само претседателот ќе одлучува кој ќе биде помилуван… Тоа значи дека сите оние кои гласаа со фалсификат лични карти, кои носеа луѓе од Пустец, кои правеа изборен криминал и за тоа се подготвуваат и за следните избори, ќе има можност да бидат помилувани од претседателот!“

[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=g7raKKm6_jI[/youtube]

Подносител на Иницијативата е Ристо Китевски, охридски адвокат-соработник во канцеларијата на Љубчо Наумовски, еден од адвокатите на Гордана Јанкулоска и Едмонд Темелко, осомничени за злосторничко здружување и изборен фалсификат во случајот „Титаник“.

Но, според Гошев, „не може со секојдневни лаги, со поттикнување меѓуетнички конфликти да се опстојува на власт. Тие ги рушат темелите на Република Македонија. Овие луѓе што го претставуваат Уставниот суд треба да се срамат, и нив ќе има заврши функцијата и треба да се запрашаат што ќе се слуши со нивните деца и нивните внуци“.

DSC_0147

Според активистот Трајановски, „Уставниот суд треба да ја штити поделбата на власта, а не да ја укинува со брзина на светлината. Никогаш во историјата на Уставниот суд не била толку бргу распоредена некоја иницијатива. Никогаш во историјата, Владата и Собранието не одговориле толку бргу на Иницијатива на суд. Никогаш во историјата некоја Иницијатива не била ставена како точка на дневен ред пред Уставниот суд. Сето ова укажува дека на злосторничкото здружение за изборен криминал, многу му се брза да обезбеди амнестија“

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Протестреволтирани граѓанисудиитранспарентиУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ