• Latest

Протест во вторник: Марш и целовечерно бдеење над Уставот

March 13, 2016

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протест во вторник: Марш и целовечерно бдеење над Уставот

March 13, 2016 14:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ајде!“ – Платформата за граѓанска политика ги повика сите граѓани и граѓанки на Македонија, без оглед на нивната припадност или членство во организации, здруженија, иницијативи, синдикати и политички партии, масовно да учествуваат на протестот и бдеењето над Уставот.

petrit_press_Ustaven
Петрит Сарачини

Настанот ќе започне во вторник во 18 часот, со протестен марш од Владата, а ќе продолжи со целовечерно бдеење пред Уставниот суд и дочекување на почетокот на неговата седница, закажана за среда наутро, на 16-ти март, кога судот ќе ја разгледува инцијативата за укинување на делови од Законот за помилување, со што на претседателот на државата ќе му се овозможи помилување на лица поврзани со изборeн криминал и други тешки кривични дела.
На маршот во вторник, граѓаните од Владата ќе се упатат кон Народната канцеларија на претседателот на државата кај “Рекорд”, потоа кон Собранието на Република Македонија и на крајот ќе пристигнат пред Уставниот суд, и таму ќе останат во текот на ноќта.

На денешната прес-конференција пред Уставниот суд, претставниците на Платформата за граѓанска политика “Ајде!”, Уранија Пировска и Петрит Сарачини, ги истакнаа барањата на граѓаните, порачувајќи им на петтемина уставни судии, Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски, дека мора да ја поништат одлуката за помилување и дека мора да си поденесат оставка.

Uranija_Press_Ustaven
Уранија Пировска

Пировска и Сарачини потсетија дека ова е најбрзо разгледувана иницијатива на Уставниот суд во неговата историја, а начинот и брзината со кои Уставниот суд ги разгледува другите иницијативи на граѓаните (при што ја посочија иницијативата со илјадници потписи на граѓаните за законите за хонорарците, како и начинот на кој се одлучуваше за лустрацијата, одложеното распуштање на парламентот, бркањето на новинарите од Собранието на „црниот“ 24 декември), јасно укажуваат дека Уставниот суд работи под политички диктат на власта.
“Помилувањето за вакви дела е директно уривање на основниот темел на демократијата – слободните избори. Граѓаните, кои се носители на суверенитетот според Уставот, нема да дозволат веќе некој да си игра со нивната држава, и ќе ги искористат сите демократски средства кои им стојат на располагање. Доколку во среда Уставниот суд не постапи во согласност со нашите барања, протестите ќе продолжат”, порачаа граѓанските активисти.

Tags: АЈДЕПетрит СарачиниПротестУранија ПировскаУставУставен судЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ