Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија го повикува народот на Семакедонски собир утре во 17:30 часот пред амбасадата на Русија во Скопје.
„Во вторник, Никола Димитров како човек со изгубено национално чувство, по налог на Џес Бејли и Чарлс Гарет ќе протера руски дипломат во Скопје. На собирот, меѓу народот, лично ќе биде рускиот амбасадор Олег Шчербак да му ја врачиме македонската поддршка на рускиот народ и рускиот дипломат!“, стои во повикот.
Единствена Македонија не ја прифаќа како што велат „срамната и непријателска одлука спрема Русија за протерување на рускиот дипломат“.
Д. Муратов