• Latest

Протест за чист воздух и здрави деца!

December 26, 2016

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Протест за чист воздух и здрави деца!

December 26, 2016 18:07
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

В среда (28 декември) од Градски парк во Скопје, кај фонтаната, ќе започне протестен марш, за чист воздух и здрави деца, во организација на  еко-активисти и граѓани. Активистите се оградуваат од политичките партии и бараат од градската и централната власт итно остварување на 17 барања.

pm-chestichki-infografik

Меѓу нив најитни се: воведување на пар-непар денови за моторните возила. Забрана за движење на возила кои што се без катализатори за издувни гасови. Бесплатен градски превоз цела зима. Итна набавка и бесплатна поделба на маски со потребни стандарди за заштита со потребни димензии за сите граѓани, вклучувајќи ги и децата на Скопје. Зголемен број инспекциски контроли за начинот на греење на граѓаните. Обезбедување бесплатен огрев за граѓаните кои се грејат со горење гуми и други штетни материи. Ненајавени контроли на оџаците на индустриските капацитети, кои (се сомневаме дека) загадуваат. Привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети, коишто го загадуваат воздухот.

„Загадувањето на воздухот е најголемо досега. Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста, поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат, одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје.  Локалните и централните власти не преземаат ништо. Демонстрираат тотална негрижа за здравјето и животот на населението“, реагираат еко-активистите во дописот до медиумите.

Тие бараат и итно формирање кризен штаб во Центарот за управување со кризи, којшто ќе ја следи состојбата и ќе предлага и презема итни мерки против загаденоста на воздухот. Едновремено, бараат да се запрат градежните работи во Скопје и почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина. Инсистираат и на почести полициски контроли на возила, што носат нечистотија на гумите, особено такви коишто излегуваат од градилишта.

За остварувањето на сите овие барања, како и за редовни контроли – со цел извршување на обврските за чистење на јавните површини околу градилиштата, еко-акивистите им даваат рок на градската и на централната власт до 3-ти јануари. А, за останатите четири екобарања даваат краен рок – 5 дена по конституирањето на новиот состав на Собранието. Еко-активистите имаат намера барањата да им ги вратат лично на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и на премиерот Емил Димитриев.

Протестниот марш, според агендата, од фонтаната во Градскиот парк, ќе продолжи пред просториите на Град Скопје, а оттука, по „Илинденска“, ќе заврши пред Владата.

Tags: Емил Димитриевзагадувањездрави децаиндисутриски капацитетиКоце Трајановскилокална властПротестчист воздух
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ