• Latest

Протести и билдање атмосфера за нереди!

February 27, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Протести и билдање атмосфера за нереди!

February 27, 2017 17:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Црвената линија ја поминавте. Црвено – жолтата, не!“ под овој слоган е закажан денешниот протест пред Владата, најавен како граѓански собир и кревање на гласот за заедничка Македонија.

Во изминатите неколку денови се демолирани неколку локални штабови на СДСМ во Драчево, Прилеп и Битола. Доцна синоќа е демолирано и кафулето „Излет“ во Скопје. На улицата пред куќата на пратеникот на СДСМ од Куманово, Максим Димитриевски, со спреј се испишани навреди и клевети. Заканувачки пораки се испратени и до пратениците на СДСМ, Петре Шилегов, Васко Ковачевски од Битола и Јован Митревски од Струга.

На музичарот Златко Ориѓански му се излепени плакати во форма на пари со видни албански личности на кои пишува погрдни зборови за албанскиот народ.

Низ Скопје се појавија бројни графити со „камата и револверот“!

Политичарите, оние кои се најодговорни за оваа ситуација, наместо повик за смирување на тензиите, само дополнително долеваат масло на огнот. Реакциите и повиците се најразлични, од повик на македонскиот народ кој наводно треба да ја заштити својата држава, до директни закани. Провокациите, иницирани и од неодгворните настапи и пишувања на челниците на ВМРО-ДПМНЕ, не престануваат.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил порача дека „кога државата е нападната, само народот може да ја одбрани. Не можат само политичарите, особено кога еден дел од нив се борат за заштита, а друг дел се на спротивната страна“.

„Сценаристот смета и има проценка дека народот не е способен и кадарен да ја брани земјата и смета дека ако со својата моќ и подготвено сценарио, елиминира дел од политичарите, ја завршил работата. Нивната проценка до пред некој ден беше дека дел од политичката елита е високо мотивирана за одбрана, но дека народот е ниско мотивиран и затоа одат агресивно и бескрупулозно. Тие најмногу се плашат од народот, но засега се убедени дека го имаат доволно изманипулирано, за да биде мирен и збунет“, напиша Груевски.

Пред неколку дена се огласи и Антонио Милошоски. „Кога ВМРО ќе повика на собир, тоа нема да бидат 500 лајка на Фејсбук, туку 50.000 народ пред Собранието. Почитувани 455.000 гласачи за унитарна Македонија, браќа и сестри, драги сограѓани, бидете здрави, живи, достоинствени и спремни!“, порача тој на својот Фејсбук профил.

Дел од авторите на ваквите повици и пораки единствено будат сожалување и потсмев. Така, поранешната независна пратеничка Солза Грчева, предизвика низа бурни реакции на социјалните мрежи по објавувањето на следната содржина на нејзиниот Фејсбук профил: „Син ми вознемирен ми се јави пред две минути од странство и ме прашува: ‘Мамо вистина сте ја продале Македонија? Тука сите весници пишуваат за тоа. Кажи кога се протестите да купам веднаш карта’. Што да му кажам… тажно“.

Во петокот се одржа протест на здружението „Тврдокорни“. Денешниот протест е во организација на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.

Иако здруженијата кои деновиве организираат маршеви и протести, се оградуваат од било какви политички партии, сепак, вработените во администрацијата и јавните инстиуции, секојдневно добиваат пораки и повици за мобилизација.

Маја Ивановска

 

 

Tags: „Тврдокорни“Антонио МилошоскиВаско КовачевскиВМРО-ДПМНЕГраѓанска иницијатива за заедничка МакедонијаЈован МитревскиМаксим ДимитриевскиНикола ГруевскиПетре ШилеговСДСМСолза ГрчеваЧетвртиот Илинден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ