• Latest

Протести и во Битола, Куманово и Кочани

April 19, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Протести и во Битола, Куманово и Кочани

April 19, 2016 23:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 1.000 битолчани денеска присуствувале на Граѓанскиот пленум пред Офицерскиот дом во Битола.  Како што за ЦИВИЛ – Центар за слобода информираат долгорочните набљудувачи од овој град, присутни биле и повеќе претставници на политичките партии од опозицијата од Битола, а како поддршка за граѓанскиот активизам, кој веќе седум дена ги обединува битолчани во идејата за оставка на Иванов и Талески, бил присутен и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

12998647_1721927481417570_520179510195765047_nНа пленумот се предлагале начини за дејствување и одлучено било повторно утре на истото место во 19 часот, да се продолжи со активностите на Граѓанскиот пленум. Потоа, битолчани продолжиле да протестираат пред домот на градоначалникот Талески.

13071798_10154082336098618_650489437004442511_o

 

Во меѓувреме, пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ започнал контра-протестот кој по вторпат го организирало од ГДОМ. Групата на граѓани кои денеска, биле во значително помал број споредено со вчера, и покрај притисоците за кои веќе известуваше ЦИВИЛ, продолжиле кон плоштадот „Магнолија“. Како што информираше мобилниот тим на ЦИВИЛ од градот, повторно најголем дел од контра-протестантите се вработени во РЕК-Битола.

По втор пат денеска се протестираше и во Куманово. 2.000 кумановчани се собраа пред Основниот суд во Куманово, едногласни во своите барања кои се идентични со барањата и во другите градови. Протестот како што информираат набљудувачите од терен, се одвивал во мирна атмосфера, без насилство и конфронтација меѓу граѓан(к)ите и полицијата.

13023503_1290581567625828_360686687_n

За првпат денеска, протести и во Кочани. Голем број на граѓанки и граѓани, како што за ЦИВИЛ информираше долгорочниот набљудувач од овој град, без организација, спонтано се собраа и протестираа по улиците во централното градско подрачје. Протестот бил мирен но под силно полициско обезбедување. “Присути бea повеќе претставници од ОК на СДСМ, кои потенцираа дека не се дел од организација, туку се тука само како поддршка”, се вели во извештајот од Кочани.

Tags: демонстрантиконтра протестМакедонијанабљудувачПротестЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ