• Latest

Преслушани сите разговори за „Поткуп“, во случајот за Села, Зеќири тврди дека и тој бил цел на напад

April 17, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Преслушани сите разговори за „Поткуп“, во случајот за Села, Зеќири тврди дека и тој бил цел на напад

April 17, 2018 08:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кривичниот суд вчера беа одржани продолженијата на две судења, за случајот „Поткуп, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев и за случајот за обидот за убиството на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. 

На вчерашното двочасовно рочиште за „Поткуп“ без присуство на јавноста беа преслушани сите разговори обезбедени со ПИ мерки и беа прочитани и СМС пораките.

По завршувањето на рочиштето Заев рече дека ниту во разговорите ниту пак во СМС пораките немало договарање на поткуп.

Заев поткуп

–  Апсолутно нема ништо што е поврзано со обидите за да бидам осомничен како лице кое земало поткуп или правело напори да земе поткуп. Во сите овие разговори зборуваме со службеници од општина Струмица, како и со Иван Николов за да се забрзаат постапките, како течат постапките со сите процедури и конечната цел е да се заврши работата која што странката ја има пред општината, истакна Заев.

Прецизно во сите постапки и во сите телефонски разговори, како што рече, станува збор само за завршување на предметите.

– Доказ е дека одредени предмети веќе се завршени и во тој период никој не побарал ниту пари, ниту било што и тоа само по себе потврдува дека се работи за монтиран процес, истакна Заев

Следното рочиште за случајот „Поткуп“ е закажано за 30 април. Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Вчерашното судско рочиште за нападот врз Села на кое се сослушуваа сведоци заврши со сведочењето на Игор Јанакиев како сведок на обвинителството. Главната расправа за овој случај ќе продолжи на 18 април.

На сведочењето, Јанакиев рече дека се обидел да го заштити Села од толпата народ. Истакна дека како вработен за обезбедување во МВР, на 27 април бил пред прес-центарот во Собранието и оти заедно со колегите се обиделе да ја спречат топлата да влезе внатре, но оти нивните обиди биле безуспешни.

Пред Јанакиев, сведочеа и пратеникот Мухамед Зеќири и полицаецот Абдулфетах Аљими.

Мухамед Зекири на суд

Зеќири во својство на сведок го препозна обвинетиот Александар Јаневски-Тошта. На сослушувањето, Зеќири посочи дека Села бил удрен со тврд предмет, но оти не можел да види кој го фрлил. Според Зеќири, обвинетиот Јаневски, кој тој ден носел црн елек и очила, го повлекол Села за рака и го изнел надвор од прес-салата.

За време на сослушувањето, Зеќири рече дека кога толпата влегла во прес-центарот во Собранието, тој бил во една од кабините за превод во галеријата и оти откако Села го изнеле од прес-салата, веќе не го видел.

Тој го посочи и обвинетиот Сашо Сенков, за кого рече дека откако првиот го фатил за рака, му се доближил заедно со други лица со цел да го изнесат надвор од прес-центарот.

Зеќири рече и дека од кабината каде бил, слушнал како толпата го бара и него.

Аљими, како сведок на обвинителството препозна двајца од обвинетите – Александар Јаневски – Тошта и Кире Георгиевски.

Во овој случај обвинети се Кире и Цеко Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни и оти тоа ќе го докажат во натамошната постапка.


Извор: МИА

Tags: 27 априлКривичен Судпоткуп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ