Скопскиот Кривичен суд денеска треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановското „Диво насеље“ во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, јавува МИА.
Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради
локалните избори на барање на МВР.
Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка
организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според
нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.
На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри
со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од
посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет
лица од вооружената група.
МВР соопшти дека поради одржување на судското рочиште за „Диво насеље“ сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.