Првата дама на Турција, Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да проговори за децата што страдаат во израелската војна во Газа.
Како што пренесува Би-би-си, турската прва дама ја пофали поддршката на првата дама на САД за децата погодени од целосната инвазија на Русија во Украина, барајќи од Трамп да „ја прошири застапувањето“ и на Палестинците.
Во писмо објавено од турското претседателство во саботата, г-ѓа Ердоган рече дека Газа станала „детски гробишта“, велејќи ѝ на г-ѓа Трамп:
„Мора да ги обединиме нашите гласови и сила против оваа неправда“.
Ова доаѓа во време кога експертите за безбедност на храната, поддржани од ОН, проценија дека половина милион луѓе страдаат од глад во градот Газа – а животите на 132.000 деца се загрозени од неухранетост.
„Фразата „непознато бебе“ напишана на плаштаниците на илјадници деца од Газа отвора непоправливи рани во нашата совест“, напиша г-ѓа Ердоган.
Во писмото се повикува г-ѓа Трамп да „покаже иста чувствителност кон Газа што ја покажа кон украинските деца кои ги загубија своите животи во војната“.
Емине Ердоган, исто така, ја охрабри Меланија Трамп директно да апелира до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да стави крај на „хуманитарната криза во Газа“.
Д. Мишев