Мухсин Хендрикс, првиот отворено геј имам во светот, е убиен во Јужна Африка. 57-годишниот свештеник водел џамија во Кејп Таун наменета како безбедно засолниште за геј и други маргинализирани муслимани, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Тој бил убиен во саботата наутро, откако автомобилот со кој се движел во близина на јужниот град Гкеберха бил нападнат од заседа.
„Двајца непознати осомничени со покриени лица излегле од автомобил и почнале да пукаат кон возилото на имамот“, се вели во соопштението на полицијата.
Веста за смртта на Хендрикс испрати шокантни бранови низ ЛГБТК+ заедницата и пошироко, предизвикувајќи излив на почит од целиот свет.
Јулија Ерт, извршен директор на Меѓународната асоцијација за лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, транс и интерсексуалци (Илга), ги повика властите темелно да го истражат „она што се плашиме дека е злосторство од омраза“.
Подготви: Д. Мишев