• Latest

Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома со здрав орган и шанса за нов живот

December 13, 2022

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома со здрав орган и шанса за нов живот

December 13, 2022 14:41
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По три недели поминати во болница, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, денес заминува од Клиниката за Дигестивна хирургија во добра состојба, со здрав орган и со шанса за нов живот, информираат од Министерството за здравство.

„Среќен сум што сум денес овде со вас и со моите колеги со кои ја направивме првата трансплантација на црн дроб во земјава и еве по три недели го испративме пациентот дома во добра здравствена состојба со функционален орган и со шанса да има нормален и квалитетен живот. Морам да признаам дека не беше лесно да се дојде до ова. Работевме многу, вложивме многу и еве успеавме сите заедно да отвориме едно ново поглавје не само во полето на дигестивната хирургија туку и  во македонското здравство. Горд сум на мојот тим лекари и медицински сестри како и на соработката која ја имавме со останатите тимови вклучени во трансплантацијата, на соработката со Националниот координатор за трансплантација и со Министерството за здравство. На крајот сакам јавно да се заблагодарам на семејството на донорот. Без нивната хуманост немаше да имаме здрав пациент кој денес заминува дома и да го направиме овој успех во здравството“, вели проф. д-р Зоран Караџов, директор на Клиниката за Дигестивна хирургија и координатор за трансплантација на оваа клиника.

Првата трансплантација на црн дроб се случи на 24 ноември кога семејството на жена кај која беше дијагностицирана и потврдена мозочна смрт даде согласност да се донираат органите и приотоа да се спасат неколку животи. Покрај црн дроб се трансплантираа и два бубрега.

„Пациентот кој го прими органот е 60 годишен пациент со напредната болест на црниот дроб за кој практично не постоеше  друг начин да му се спаси животот. Денес истиот тој пациент заминува дома со нов орган и нова шанса за живот и тоа е убавината на трансплантацијата и на органодонорството. За мене како хирург и за моите колеги, беше предизвик да се започне оваа приказна. Двонеделниот престој во центарот за трансплантација во КБЦ Меркур во Загреб, соработката со тимот на Клиниката за дигестивна хирургија и со сите останати тимови, амбицијата и желбата да се влезе во оваа приказна и да се биде дел од Програмата за трансплантација,  беше тоа што не водеше кон  овој успех“, вели проф. д-р Светозар Антовиќ, кој е дел од тимот кој ја направи првата трансплантација и воедно шеф на катедрата по хирургија при УКИМ.

Инаку, во тимот кој ја направи првата трансплантација покрај проф. д-р Зоран Караџов и проф. д-р Светозар Антовиќ учествуваа и науч. сор. д-р Љубомир Огњеновиќ, асс. д-р Ќемаљ Рушити од Клиниката за дигестивна хирургија, како и нивните колеги лекари, клиничкиот фармацевт и медицинските сестри. Тимот анестезиолози од  КАРИЛ, кои го водеа реципиентот, предводени од прим. д-р Татјана Спировска. Потоа екипите од Клиниката за гастроентерохепатологија, предводени од проф. д-р Бети Тодоровска, науч. сор. д-р Елена Цуракова Ристевска, кои го подготвија донорот. Да не ги заборавиме и другите екипи кои учествуваа во трансплантацијата,  а тоа се екипите од Клиниката за урологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за трансфузиологија, и секако, болничките координатори, кои го процесираат пациентот во мозочна смрт, предводени од доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, д-р Билјана Андоновска, како и медицинските сестри, инструментарки, вработените во лабораториите и сите вклучени, кои со заеднички заложби го постигнаа овој огромен успех.

„Со задоволство денес сум тука на Клиниката за дигестивна хирургија, заедно со тимот кој успешно ја изврши првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава. Ова е историски чекор за македонското здравство, со кој се вброивме меѓу врвните здравствени системи кои успешно работат трансплантација на црн дроб.  Честитки до целиот тим кој учествуваше во оваа најкомплексна хируршка интервенција и благодарение на врвниот стручен придонес на комплетниот тим – 60 годишниот пациент денес си заминува дома во добра здравствена состојба“, вели министерот д-р Беким Сали.

Ова е шеста трансплантацаија од починат донор од почетокот на годината и прва на црн дроб во историјата на македонското здравство. Заедничката и тимска работа на преку 100 лекари, медицински сестри и админстративен персонал, резултираше, годинава, да се трансплантираат 10 бубрега од починат донор, 2 срца кај тешки пациенти и извршени 10 инплантации на коскени ткива. За последниве две години тоа се вкупно 8 срца, 30 бубрези, 20 коскени ткива и еве сега и првиот црн дроб.

„За мене нема посреќен момент од тој кога пациентот ќе си оди дома. Тогаш сите ја гледаат смислата на органодарителството. Повторно би сакала да се заблагодарам на сите досегашни семејства кои донирале и успеале да спасат живот“ вели д-р Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за транспланатција на органи и ткива.

Извор: Фронтлајн.мк

Tags: Дигестивна хирургијаМинистерство за здравство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ