Пред Собрание денеска повторно се протестираше против „двојазичноста“ и спорот за името со Грција.
Протестантите поставија кампус на бранителите кој ќе биде отворен 24 часа, а во истиот сите граѓани кои се против двојазичноста и против спорот со името можат да се потпишат на петицијата за спречување на истите и да пополнат изјав за отповикување на сите делегирани и пренесени права на застапување.
Протестите се поттикнати поради тоа што законот за двојазичност е дискриминаторски, како што велат, а во процесот со името и со Законот за употреба на јазиците, македонскиот народ е запоставен.
Гласноговорниците од протестантите на глас ги прочитаа имињата на пратениците што гласале позитивно за Законот за употреба на јазиците.
В.Махмути