• Latest
конститутивна седница на Работната група за изборни реформи(фото: Џ. Дерала)

Работната група за изборни реформи ќе работи на спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Лога порача ВМРО-ДПМНЕ да престане со „малтретирање на јавноста преку медиумите“

May 3, 2023
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Работната група за изборни реформи ќе работи на спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Лога порача ВМРО-ДПМНЕ да престане со „малтретирање на јавноста преку медиумите“

May 3, 2023 13:35
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
конститутивна седница на Работната група за изборни реформи(фото: Џ. Дерала)

конститутивна седница на Работната група за изборни реформи(фото: Џ. Дерала)

Share on FacebookShare on Twitter

Работната група за спроведување на изборните реформи, оформена од Министерството за правда, денеска ја имаше првата, конститутивна седница. Во работната група се вклучени претставници на политичките партии, институции надлежни са спроведување на изборните процеси – ДИК, ДКСК, ДЗР, МИОА, МВР, претставници на невладини организации и синдикати. Претседател на работната група е Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК.

Во Работната група учествува и ЦИВИЛ, чии претставници дадоа свој придонес во дискусијата за начинот на соработка и понатамошна работа на ова тело.

Целта на работната група е имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Соодветно на условите и капацитетите, како и динамиката поставена во поширок политички контекст, Работната група ќе се занимава и со подготовка и предлог решенија за нов Изборен законик.

Министерот за правда, Кренар Лога, истакна дека преку претставници од министерството ќе го даде својот придонес во работата на група, а воедно ги повика ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат во процесот со членство во работната група и преку предлози и иницијативи, како и конструктивна дебата да придонесат кон реформите во изборното законодавство.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со малтретирање на јавноста преку медиумите“, рече Лога.

Новаковски на прес-конференцијата по завршување на средбата истакна дека денеска се договорија одредени работи што се клучни за отпочнување на работата на работната група.

„Се договоривме да започнеме со имплементирање најпрвин на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, а потоа ќе се работи на нов Изборен законик. Се надевам дека ќе излеземе со предлог и дека ќе успееме да ги запазиме роковите кои се утврдени со некои европски стандарди и овие измени да бидат во еден период од 6 месеци пред изборите“, изјави Новаковски.

Учесниците во Работната група добија насоки да достават препораки за измени на Изборниот законик, како и предлози за методологија на нејзината работа. Следна средба ќе се закаже во најскоро можно време.

Б. Јордановска

 

Tags: Александар НоваковскиКренар Логаработна група за изборни реформиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ